- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

НЛБ банка вработува…

184views

НЛБ Банка има потреба од:

Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија

Advertisement

Работни цели:

    • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизијаи интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
    • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
    • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
    • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачниот за внатрешно ревидирање;
    • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата,  процедурите и интерните упатства за работа;
    • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
    • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
    • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
    • Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
    • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите.

Профил:

Advertisement
Advertisement
    • Универзитетско образование од економски науки;
    • Минимум 3 години работно искуство во сегментот на ревизија;
    • Лиценца за овластен ревизор (или ACCA) или во фаза на полагање на испити со право за стекнување на лиценцатаза овластен ревизор;
    • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
    • Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
    • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
    • Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
    • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да ни се придружиш:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Advertisement