Наука

Нобелова награда за хемија ја добиле научниците за создавањето на револуционерни батерии

Нобелова награда за хемија - Работник
42views

Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на Џон Б. Гуденогу, М. Стенли Витингам и на Акира Јошино поради нивните истражувања за развојот и подобрувањето на технологијата на литиј – ионските батерии, пренесува Си – Ен – Нен.

„Литијо – ионските батерии го револуционизираа нашиот живот и насекаде се користат; присутни се и во мобилните телефоните, преносните компјутери и електричните возила“, напишал одборот за Нобелова награда на Твитер.

Развојот на литиј – ионските батерии

„Овогодишните добитници на наградата за хемија со својата работа поставиле темел на безжичното друштво кое не зависи од фосилните горива“, додава Одборот.

Хемичарот Стенли Витингам првата функционална литиумска батерија, односно акумулатор ја развил на почетокот на 1970 – те години, а Гуденгу го дуплирал нејзиниот потенцијал.

Акира Јошино дополнително ја усовршил батеријата така што од неа го елиминирал чистиот литиум и ја конструирал на база на литиумски јони правејќи ја посигурна и функционална за практични примени.