СветСветот на работникотСиндикат

Нова рунда на штрајкови на просветнтие работници во Хрватска

Нова рунда на штрајкови - Работник
158views

Во Хрватска денеска започнува новата рунда на штрајкови во основните и средните училишта, а претставниците на синдикатите ќе се состанат со Министерот за труд, Јосип Аладаровиќ, пренесува Танјуг.

Настава денеска нема да има во две жупании, во вторник во други две, а во среда штрајкот ќе биде на ниво на цела Хрватска, а истиот ден најавен е и голем протест во центарот на Загреб, пренел Индекс. хр.

На прашањето дали ќе има компромис, Претседателот на синдикатот Препород, Желјко Стипиќ рекол за РТЛ дека компромис на крајот сигурно ќе има.

Сепак, сеуште не се знае дали на просветните работници ќе им бидат платени деновите во кои штрајкувале.