- Advertisement -
СветСиндикат

Новинарските здруженија од 34 земји укажуваат на кршење на слободата на печатот во Белорусија

Новинарските здруженија од 34 земји укажуваат на кршење на слободата на печатот во Белорусија - Работник
175views

Лидерите на 50 новинарски синдикати и здруженија во 34 европски земји, ги повикаа своите влади да го зголемат притисокот и да преземат мерки за постојаното кршење на човековите права и слободата на печатот во Белорусија.

Во заедничко писмо, тие ги повикуваат шефовите на нивните влади да побараат од белоруските власти да ослободат 12 новинари веднаш и да ги повлечат управните и кривичните постапки против нив.

Четврток, 25 март, познат како Ден на слободата, е неофицијален празник по повод прогласувањето на Белорусија за независност во 1918 година.

Во соопштението на НУНС се истакнува дека активисти ширум светот ќе одржат протести пред белоруските амбасади и ќе споделат пораки за солидарност на мирни демонстрации.

Извор: rts.rs