ЗанимливостиМагазин

Новиот „PlayStation 5“ во ноември, со цена од 400 и 500 долари

Новиот „PlayStation 5“ во ноември, со цена од 400 и 500 долари - Работник
33views

Јапонската компанија „Сони“ објави дека ќе ја лансира следната генерација на конзоли за видео игри „Плејстејшн 5“ во ноември.

Јапонската компанија објави дека новата генерација на конзолата Sony PlayStation 5 ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск и 399,99 долари без диск, објави Ројтерс.
Новата конзола ќе се појави на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, додека ќе биде достапна во другите делови на светот седум дена подоцна – на 19 ноември.