МакедонијаСиндикат

Новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на клинички, вели д-р Беговиќ

Новите гаражи - Работник
185views

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи.

Реакцијата следи по најавата дека две нови монтажни катни гаражи ќе бидат изградени во комплексот клиники до Нова година.

– Министерот ни вети во јануари дека ќе бидат изградени тие две катни гаражи и дека така ќе ни олесни нам вработените да не ги плаќаме сегашните 800 денари месечно за паркинг. Ова е наше работно место, и не е во ред да мораме да издвојуваме толкава сума пари, тоа создава револт. Ни ги зголемија платите за пет проценти, кои ни ги земаат откако ја зголемија цената за паркирање. Луѓето од обезбедување, хигиеничарите, некои во администрацијата, не го достигнуваат ни минимумот плата, а мораат да плаќаат 800 денари за паркинг – вели д-р Беговиќ, пренесува Мета.мк.

Целосниот текст можете да го прочитате тука