- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Нови обвинувања од Лозово: Членови на дисциплинската комисија ќе одговараат дисциплински

416views

Мобингот кој секојдневно го трпат вработените во Општина Лозово ги охрабри да застанат пред камерата на Сител. Ако до пред извесно време Виолета беше единствената која јавно говореше за проблемите, денеска истото го потврдија уште тројца службеници.

Виолета која за само 2 години има добиено повеќе од 6 дисциплински постапки е постојана мета на актиелното раководство на општината. Откако претходно беше избркана во 8миот месец од бременоста, а веднаш потоа вратена на работа со пресуда од штипска апелација која ги одби сите дисциплински постапки кои општината ги водеше против нејзе, сега се соочува со  нова закана за отказ. Раководството на општината не се откажува од дисциплинската постапка за застарен настан наводно одржан пред 20 месеци.

Advertisement

Откако состанокот завршил по барање на градоначалникот и без решение за казнување на Виолета, сега нова мета на раководството се 4ца членови на дисциплинската комисија. Сите тие се соочуваат со закана за дисциплински постапки, а ваквото известување го добиле 15 минути пред завршување на работното време во петокот.

Со истиот проблем се соочува и Стојан Пешевски вработен како инфорамтичар во општината и истовремено претседател на независниот синдикат на Лозово.

Advertisement

Тој повеќе од два месеци води битка за мобинг протв раководството на општината, а сега наместо со една, се соочува со две дисциплински постапки.

Вработените се свесни дека овие изјави може да им нанесат штета во работењето, но велат полошо од ова не може да биде.

Став побаравме и од секретарот на општината. Цилаков тврди дека дисциплински постапки ќе бидат поднесени против сите 7 члена на комисјата поради незавршување на работните задачи во законскиот рок. Свесен дека сите проблеми не треба да се решаваат со казни, вели дека општината се соочува со намерно уништување на угледот од мала група вработени. 

За проблемите со кои се соочуваат вработените во Општина Лозово Сител предупедува речиси две години, но ниту една надлежна институција засега не постапува. Со случајот беше запознаен и премиерот Заев кој најави дека ќе ги испита тврдењата на вработените, но засега без резултат.

Дека раководството на Општина Лозово не се занимава со ништо друго освен со казнување на вработените, потврдува и фактот дека 12-те службеници вработени во општината во изминативе три години се соочиле со речиси 30 дисциплински постапки.  

Извор: Сител 

Advertisement