ПравдаСветот на работникот

Нови правила за јавниот сектор во Србија

   Време за читање 1 минута

Владата на Србија им дозволила на републичките и локалните институциите, јавните претпријатија, агенциите и другите држани органи, да во текот на вонредната состојба без согласност на посебните комисии да им ги продолжуваат договорите на работниците кои не се вработени на постојано работно време, објавено е во Службениот весник, а пренесува Нова економија.

Според важечката уредба, Комисијата за давање согласност за нови вработувања и додатното работно ангажирање кај корисниците на јавните средства мора да даде согласност за било кој вид на ангажирање на работници.

Со новата проширена уредба, бројот на лица вработени на определено време поради зголемениот обем на работа, лицата ангажирани по основа на договор на дело, договор за привремени и повремени работи, преку младинските и студентските здруженија или лица ангажирани по други основи можат без додатни дозволи да се одржуваат на ниво од 15 март 2020 година.