ПравдаСвет

Нови протести против колумбискиот претседател Иван Дуке

Нови протести против колумбискиот претседател - Работник
46views

Во Колумбија денеска се организирани неколку протести на кои од претседателот Иван Дуке се бара да го смени курсот на работа на неговата влада.

Различни сектори: синдикати, студенти, просветари и здравствени работници, како и членови на поранешното герилско движење ФАРК и противници на владата, повикаа на генерален штрајк против владата на десничарскиот претседател.

Собири има на различни места низ Богота, и сите учесници на крајот треба да се соберат во центарот на градот, каде се наоѓаат парламентот и претседателската палата.

Дуке, кој е на власт од август 2018 година, се соочува со економска рецесија што е проследена со рекордна стапка на невработеност од 19,6 проценти.

Според анкетата објавена кон крајот на октомври, 61 процент од колумбиските граѓани не се согласуваат со владината политика.

На денешните демонстрации, што почнаа точно пред една година, се собрани неколку илјади луѓе, што е невообичаено за Колумбија, традиционално конзервативна земја.

Експертите и забележуваат на владата што не ја поврати контролата врз териториите што ги држи ФАРК, што овозможи зајакнување на вооружените групи кои се натпреваруваат за контрола врз трговијата со дрога.

Покрај тоа, епидемијата на коронавирусот, исто така,силно ја погоди Колумбија, во која се заразени 1,2 милиони лица, а досега умреа  34.500.

Следните демонстрации се закажани за 21 и 25 ноември