Наука

Нови снимки: Погледнете како песочните вртлози ја исцртале површината на Марс

Нови снимки - Работник
247views

Иако засега нема сериозни индиции дека на Марс има биолошки живот, тоа не значи дека на оваа планета нема интересни случки. Имено, на површината на Црвената планета се случуваат различни геолошки процеси кои ден денеска го обликуваат изгледот на Марс.

НАСА преку прецизната камера ХИРИСЕ (High Resolution Science Imaging Experiment) која се наоѓа на вселенското летало Mars Reconnaissance Orbiter (МРО), а кое орбитрира околу оваа оддалечена планета, внимателно следи што се случува на површината на Марс.

Во совојата најнова серија, Фотографијата не денот рангирала и некои од најдобрите неодамна сликани фотографии на случувањата на површината на малиот кратер кој се наоѓа во близина на поголемиот кратер Антониоади, пишува Universe Today.

Траги од песочни вртлози

Така на оваа фотографија (долната слика) може да се види како песочните вртлози, познати и како песочни ѓаволи (анг. dust devils), оставиле траги на дното на кратерот. Имено, вртлозите во текот на движењето вмшукуваат и подигаат светлински површински материјал и оставаат темни трагови зад себе, како и откриени површини.

На анимацијата која е составена од низа на снимки може да се види како во текот на времето поради песочните бури и вртлози се менувал изгледот на дното од кратерот.