ПравдаСветСветот на работникот

Нови шест мерки се воведуваат во Грција, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Нови шест мерки се воведуваат - Работник
95views

Откажување на Меѓународниот саем во Солун; работно време до полноќ за кафулиња и ресторани во неколку делови на Грција; задолжителен негативен тест за пристигнување од  одредени земји, како и од копнените граници, се дел од новите мерки на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони ги соопшти одлуките донесени на денешниот состанок за Ковид-19 на премиерот Кирјакос Мицотакис со надлежните министри и епидемиолозите.

Нема да се одржи Меѓународниот саем во Солун планиран од 5 до 13 септември на кој оваа година Германија требаше да биде почесна земја, а традиционалниот говор на премиерот ќе биде пред ограничен број присутни.

Една од шестте мерки соопштени попладнево е и забрана за работа на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично од полноќ до седум часот наутро на островот Крит, во регионот источна Македонија и Тракија, во Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.

Забраната стапува во сила утре,  ќе важи до 23 август, а како што рече Пелони, во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата.

Во цела Грција, паралелно се откажуваат и сите јавни манифестации на кои присутните стојат, вклучувајќи ги и концертите и претставите.

Во однос на туристите, за сите оние кои од 17 август ќе пристигнат во Грција со летови од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, задолжителен е негативен молекуларен тест ПЦР направен 72 часа пред патувањето.

Истото важи и за сите оние кои од 17 август ќе влезат во Грција преку копнените граници, вклучително и грчките граѓани и оние кои имат дозвола за престој, а тестот треба да биде направен во земјата од која што влегуваат, а не во Грција.

Пелони, дополнително соопшти дека од 16 август, преку граничниот премин Какавиас со Албанија дневно ќе биде дозволен влез на намногу 750 лица.