ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Нови 60 вработени во телемаркетинг компанијата Т&С Македонија

Нови 60 вработени - Работник
90views

Со свеченост беше означено отворањето на новата канцеларија на компанијата Т&С Македонија во Тетово која нуди телемаркетинг услуги во Швајцарија. Во канцеларијата се предвидени 60 работни места за луѓе со познавање на германскиот јазик.

– Станува збор за телемаркетинг сервис што соработува со ИМ Финанциал Груп, швајцарска компанија, и вршиме маркетинг услуги, посредништво и брокерство за други компании со кои имаме соработка, како и за граѓани во Швајцарија, истакна претседателот на компанијата Арѓент Имери.

Ова е четврта канцеларија на ниво на државата. Првата и главна централа на Т&С Македонија е во Скопје, втората во Ресен, а третата е веќе отворената во Тетово. Во трите веќе постоечки канцеларии има 80 вработувања.

ИМ финанциал груп, ТС Македонија и Смартфон во Косово се трите фирми кои заеднички соработуваат во земјава, Косово и Швајцарија.