- Advertisement -
МагазинНаукаНовости

Ново откритие: Јужноафриканскиот вид на коронавирус може да зарази вакцинирани со вакцината на Фајзер

Јужноафриканскиот вид - Работник
358views

Истражувачите објавија голема студија во која проучувале 400 испитаници позитивни на тест најмалку 14 дена по вакцинирањето. Јужноафриканскиот сој бил осум пати позастапен кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината отколку кај оние кои не биле вакцинирани.

Мутираниот јужноафрикански вид може да се пробие до човечките клетки откако и по вакцинирањето со вакцината на Фајзер, покажа големо истражување.

Истражувачите проучувале 400 луѓе кои имале позитивен тест на коронавирус најмалку 14 дена откако примиле една или обете дози на вакцината и 400 лица кои биле позитивни и претходно не биле вакцинирани.

Јужноафриканскиот сој бил осум пати позастапен кај позитивните лица кои ги примиле обете дози на вакцината отколку кај оние кои не биле вакцинирани. Според овие резултати, научниците од Универзитетот во Тел Авив заклучиле дека вакцината е недоволна во борбата против јужноафриканскиот вид.

Јужноафриканскиот сој, наречен Б.1.351, има мутации кои научниците стравуваат дека човечкиот имунолошки систем нема да може да ги препознае или дека препознавањето на вирусот од страна на имунолошкиот систем ќе биде отежнато. Ова значи дека вакцините може да станат неефикасни, како и природниот имунитет стекнат откако лицето ќе го прележи коронавирусот.

“Откривме непропорционално поголем процент на јужноафриканскиот соj меѓу вакцинираните лица по втората доза, во споредба со оние кои не примиле вакцина”, рече истражувачот на универзитетот во Тел Авив, Ади Стерн.

Британски научници предупредија дека јужноафриканскиот вид, доколку стане доминантен во Велика Британија, може да го запре вакцинирањето и да ја врати земјата на почетокот.

DailyMail пишува дека јужноафриканската варијанта на корона ја намалува ефикасноста на вакцината за околу 50 проценти. Исто така, овој вид корона може да биде до 60% позаразен од „оригиналниот“ вид на вирусот.

Научниците во моментов ја тестираат вакцината на „АстраЗенека“ на јужноафрикански сој.

Меѓутоа, ако ја вакцинирате целата популација и потоа добиете нова варијанта која ќе ја избегне вакцината, ќе се вратите на почетокот, рече министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок.