- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Нов закон: Сопругата добива надоместок за извршување на домашните работи, доколку дојде до развод

Развод - Работник
2.98Kviews

Судот во Пекинг му наложил на мажот да на својата сопруга и плати 7,700 долари (6,300 евра) како дел од бракоразводната спогодба, за да и надомести за домашните работи кои ги извршувала во текот на петте години брак. 

Оваа пресуда е донесена на основа на новиот закон за брак кој во јануари стапил во сила во Кина, а кои создржи клаузула која вели дека сопружникот кој поминува повеќе време во одгледување на децата и извршува домашни работи во бракот да бара надоместок за таа работа доколку дојде до развод. 

Advertisement

Потврдувајќи го разводот, судот во Пекинг и го доделил старателеството на синот на жената и покрај надоместокот кој му го наложил на сопругот, како и алиментација од околу 300 долари месечно. 

Еден адвокат за разводи во Кина рекол дека износот кој сопругот мора да и го плати на својата поранешна сопруга, во овој случај, е пренизок. 

Advertisement

„Оние кои се бават со домашни работи се обезвреднети во бракот, а најочигледниот ефект на тоа е дека нивните вештини за преживување во општеството и нивните професионални вештини веројатно ќе се намалат“, рекол адвокатот. 

Жените во Кина поминуваат речиси четри часа дневно работејќи неплатени домашни работи, во споредба со мажите кои вложуваат околу 1,5 час, вели студијата на Организацијата за економска соработка и развој. 

И ова не е проблем само во Кина. Ширум светот, поголема е веројатноста дека жените ќе преземат несразмерна колична на неплатена работа како домашните работи и грижа за децата. 

Новиот закон во Кина не е првиот закон во врска со бракот кој привлекува меѓународно внимание. Во последните години земјата презела разни мерки за да се обиде да го запре растот на стапката на разводите. 

Уште еден нов закон кој стапува во сила во 2021 година, бара од паровите кои размислуваат за развод да поминат 30 дневен период на „ладење“ пред да поднесат барање за развод. 

Од 2017 година, некои канцеларии за регистрација на разводи ширум Кина започнале да бараат од паровите да полагаат „брачни и семејни испит“ пред да им се одобри разводот. На испитот, на сопружниците им се поставуваат прашања како: „Кои обврски сте ги исполниле кон своето семејство и што мислите дека сте или не сте направиле добро?“ Во еден случај, на еден пар му бил одбиен разводот бидејќи на испитот постигнал превисок резултат. 

Фото: Pexels

Advertisement