ЕкономијаСвет

Нов Зеланд ги заострува правилата за визи и работните дозволи поради „неодржливата нето миграција“

   Време за читање 1 минута

Нов Зеланд соопштил дека ги заострил своите визни правила, воведувајќи критериуми за јазикот и вештините и кратејќи ја должината на работните дозволи како одговор на „неодржливата нето миграција“.

Промените шеми за акредитирана работничка виза за работодавачите (AEW) стапиле на сила веднаш и ќе значат дека Нов Зеланд „подобро го тестира локалниот пазар и го намалува ризикот Новозеланѓаните да останат без работа“, рекол министерот за имиграција, пренесува CNN.

Во 2023 година, 173,000 не-новозеландски државјани мигрирале во земјата, се наведува во соопштението.

Иако се‘ уште постои недостиг на вештини во областите како што е образованието, Станфорд рекол: „истовремено, мораме да обезбедиме Новозеланѓаните да бидат ставени на чело за работните места каде што нема недостиг на вештини.“

Промените во AEW шемата вклучуваат воведување на минимален стандард за англискиот јазик, нов минимален стандард за вештини во вид на работно искуство и квалификации, и намалување максималниот континуиран престој на AEW на три години.

Работодавачите ќе мораат да се уверат дека мигрантите ги исполнуваат овие услови пред да ги вработат, и од нив ќе се бара да изјават дека ниеден „соодветен и достапен Новозеланѓанец“ не се пријавил за работата пред да ѝ биде понудена да мигрантот. Тие исто така мораат да ги огласуваат огласите за работа најмалку 21 ден и да наведат „зошто сите Новозеланѓани кои се пријавиле не се ангажирани“, наведува Министерството за бизнис, иновации и вработување на државата.

Некои позиции во секторите транспорт и нега ќе бидат изземени од овие барања, се наведува на веб страната на ова Министерство.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock/G-Stock Studio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *