Правда

Нов Зеланд: Климатските демонстранти бараат поддршка од синдикатите

Нов Зеланд: Климатските - Работник
241views

Штрајкот на 27 септември е дел од глобалната неделна акција и ќе биде во исто време со Итниот климатски Самит на Обединетите Нации во Њујорк.

Еден од организаторите, Софи Хандфорд рече дека тие сакаат работниците да им се придружат на младите луѓе во барањето за побрзо дејствување за глобалното затоплување.

„Ние навистина сакаме студентите, младите луѓе да ги доведат своите родители, баби и дедовци и исто така работиме на тоа како да ги вклучиме работниците преку синдикатите. Ние одиме кон тоа да направиме еден генерален штрајк и за таа цел ги охрабруваме возрасните да ни се придружат“, рече таа.

Ханфорд се надева дека на овој штрајк ќе има голема излезеност, па дури и тоа да е за кратко време (додека трае паузата на работниците).

Секретарот на Советот на Синдикати на Нов Зеланд, Сем Хугард рече дека штрајкувањето би било нелегално, но членовите на синдикатите ќе преземат некоја форма на акција.

„Повикувањето на штрајк е тешко за синдикатите. Во Нов Зеланд можеш да штрајкуваш за барање за колективен договор или здравствени и безбедносни бенефиции. Ние зборувавме за ова претходните неколку недели и се договориме да спроведеме акциона недела во септември, без разлика на тоа дали ќе биде во форма на штрајк, состаноци на работните места, протести и т.н. Дефинитивно ќе има присуство на членовите на синдикатите“, рече тој.