ЕкономијаСветСветот на работникот

Нов рекорд: 3,3 милиони Американци ги изгубиле работните места во една недела

Нов рекорд - Работник
54views

Рекордни 3,3 милиони Американци се пријавиле за додаток за невработени минатата недела, што без никаква конкуренција е најмногу во американската историја.

Досега рекордот го држела неделата во октомври 1982 година кога 695,000 луѓе добиле отказ во истата недела. Бројката од 3,3 милиони невработени е еден од бројните показатели како кризата со корона вирусот влијае на американската економија за која Конгресот вчера ја одобрил помошта од 2000 милијарди долари.

Пред три недели само 200,000 луѓе се пријавиле за додатоци за невработени, што е најмалку во историјата. Њујорк Тајмс пишува дека шокантниот број на откази не ја отсликува вистинската слика на ударот врз американската економија, поради тоа што голем број на американски работници не можат да аплицираат за додаток, а се работи за оние кои работат на половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои работат на договор на дело.

Аналитичарите очекуваат дека ова се само почеток и дека следните бројки ќе биде уште попоразителни. Експеритите сметаат дека кризата со корона вирусот потполно ќе го избришат економскиот раст во последните десет години и дека ќе го вратат САД на времето од крајот на кризата.

Речиси сите сојузни држави вовеле делумни или потполни рестрикции за работа, поради што државата губи многу пари, па американскиот претседател, Доналд Трамп најавил дека околу Велигден се очекува укинување на рестрикцијата и повторно стартување на економијата, со што не се согласуваат експеритите.

Администрацијата на Трамп по прв пат по 50 години го спуштила бројот на невработени под 4,0 проценти. До минатата недела во САД имало нешто помалку од шест милиони невработени, односно 3,5 отсто, така да овие 3,3 милиони се пораст од речиси 50 отсто.

Во Америка моментално повеќе од 70,000 се заразени со корона вирус, а умреле повеќе од илјада луѓе.