ЕкономијаСветСветот на работникот

„Нокија“ ќе укине 180 работни места

„Нокија“ ќе укине 180 работни места - Работник
140views

Финскиот произведувач на телекомуникациска опрема Нокија соопштил дека оваа година планира да укине околу 180 работни места во матичната земја.

Како што најавуваат, имаат намера да ги зголемат инвестициите во дигитализацијата и технологијата на мобилните мрежи на новата генерација 5 Г.

Планираните откази нема да ги опфтат работниците во секторите на развој за 5Г во Оулу и другите делови на Финска, истакнуваат од Нокија.

Компанијата во матичната земја има вработено 6,000 работници, а минатата година вработиле околу 370 нови работници.

Управата настои да ја врати довербата на инвеститорите, иако заостануваат зад Ериксон и Хуаеви во развојот на 5Г.

Во октомври ги намалиле процените за 2019 и 2020 година поради потребните поголеми инвестициите во мрежата на новата генерација, пренесува Индекс.

Тие рекле дека ги намалиле планираните штедења на 500 милиони евра до крајот на годината.