- Advertisement -
МагазинНаука

Носењето две маски ја зголемува заштитата од COVID-19 на 92,5 проценти

Носењето две маски - Работник
181views

Носењето две маски преку лицето – платнена врз хируршка – ја зголемува заштитата од COVID-19 на 92,5 проценти, се нагласува во анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истражувачите откриле дека комбинацијата на тие две маски блокира 92,5 проценти од потенцијално заразните честички, бидејќи создаваат поголема заштита околу лицето, пренесе CNN.

Advertisement

Утврдено е и дека хируршката маска, доколку се свитка на краевите и се врзува околу ушите, го намалува продирањето на патогените микроорганизми и блокира 63 проценти од аеросолите што можат да содржат COVID-19, што е значајна промена во споредба со 42-процентна заштита, колку што штити хируршка маска ако не е врзана околу ушите. 

Advertisement
Advertisement