МакедонијаПравдаСиндикат

НСО: Ристо Ајтов како претседател на синдикат 17 години го манипулирал членството и вработените во одбраната

НСО: Ристо Ајтов како претседател на синдикат 17 години го манипулирал членството и вработените во одбраната - Работник
1.8Kviews

Независиниот синдикат на одбраната на фејсбук профилот на напиша дека додека тие се бореле за правата на вработените низ институционалниот систем, Ристо Ајтов и потесното раководство седеле и само ги користеле многубројните бенефити од синдикалните функции.

Тие истакнаа дека Ристо Ајтов како претседател на синдикат 17 години, кокетирал со министрите и го манипулирал членството и вработените во одбраната за свои лични интереси. Од НСО истакнуваат дека тој моментално земал плата од три места и тоа од Министерството за одбрана, од СОБ како претседател и од СИН АГ Дооел каде што истиот е управител-директор, инаку фирма ќерка на Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ.

Од НСО напишаа и дека се додека Министерството му ги исполнувало неговите лични желби и додека му доделувало финансиски средстава за одржување на синдикални игри истиот молчел и не се борел за правата на вработените и за состојбите во касарните и останатите воени објекти. Најмала грижа му биле чистотата и среденоста на војничките тоалети. Истакнуваат дека Колективниот договор и Законот за работни односи на кој сега ревносно се повикувал му беа ставени длабоко во фиока и заклучени и воопшто не го интересирале.

„Во моментот кога почна нагло да се одлева членството од СОБ и ја изгуби репрезентативноста, а со самото тоа и правото на финансиски средства за одржување на синдикални игри и правото на други привилегии, истиот почна наводно да се грижи за лошите услови во објектите на Армијата и Министерството за одбрана, како и да се грижи за непочитување на правата на вработените“, пишуваат НСО на својот фејбук профил.

Додаваат дека неедолична била и поддршката на Претседателот на независниот синдикат на професионални војници Аднан Алити, кој му давал поддршка на Ристо Ајтов заборавајќи дека тој истиот Ристо Ајтов бил против зголемувањето на старосната граница на професионалните војници и решавањето на нивниот статус.

Заклучуваат дека наместо да се борел за подобрување на правата и условите за живот и работа на вработените, недолично, неморално и неетички е на претседател на синдикат да се занимава со актуелна дневна политика, да бара оставки од актуелни министри и да предлага кадровски промени на високо политичко ниво.

„Независниот синдикат на одбраната продолжува со непрестаната борба преку разговори и преговори со работодавачот на највисоко ниво со цел подобрување на правата на вработените за што несебична поддршка ни дава и Европската организација на воени организации и синдикати од Брисел ‘EUROMIL’, истакнуваат на својата фејсбук страна.