Правда

НСП бара повеќе права преку колективните договори за неговите членови

НСП бара повеќе права преку колективните договори за неговите членови - Работник
659views

Независниот синдикат на полицијата бара нов колективен договор, со кои подбро ќе се утврдат правата на полициските службеници.

Претседателот на незавсниот синдикат на полицијата – НСП, Гоце Делчев Тодев, за порталот Работник истакна дека НСП во МВР сеуште има проблем од типот на правење на договори со правни субјекти и одбивање на парични износи преку плата. Во МВР за одредени прашања кои е повеќе од евидентно, колективниот договор предвидел во 2015г и сеуште стои до ден денеска како колективното договарање важи и се однесува за членовите од другиот синдикат. НСП во Март 2018 до МВР достави нов целосно изработен колективен договор кој е проевропски и во согласност со реланата, вистинска состојба која се однесува во поглед на Законот за работни односи и репрезентативноста на вториот синдикат во историјата на полицијата, репрезентативност на НСП.  Според тоа во колективниот договор не треба да се менуваат многу нешта туку треба истиот целосно да се смени и да се донесе нов КД компатибилен со постојната синдикална поставеност во полицијата.

Тој изјави дека од шумската полиција, а до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изработен и доставен е предлог колективен договор кој 2 години чека на потпис од страна на ресорниот министер. Проблемите во  шумската полиција за кои НСП детерминирано ги има  со писмено известување запознато министерот и останатите служби, а се однесува на дополнителна прекувремена работа, ноќна работа и работа во празник, во иднина потребно е да бидат прифатени и платени.
НСП и понатаму останува на ставот за решавање на прашањето бенифициран работен стаж за шумските полицајци како и регулирање на статусот овластено службено лице-шумски полицаец.

Според него, НСП свои активности и планска агенда има и во Министерството за правда во чие ресорно министерство се Затворската и судската полиција. За затворската полиција која е во управата за извршување и санкции, во двегодишна процедура беше донесување на Закон за извршување и санкции. Независниот синдикат на затворска полиција и администрација имаше хиперактивно учество во работните групи кои беа насочени на донесување на новиот ЗИС. Надминати беа разликите во сите барања, потреби и предлози така да новодонесениот ЗИС од наша страна е целосно прифатен. Министерството за правда прифати и е согласно за понатамошно работење и подобрување на работните права на затворската полиција и администрација за што имаше слух и го прифати предлогот за формирање на работна група за донесување на посебен колективен договор за затворската полиција.

Тодев додаде дека НСП има членство, но нема некое посебно силно влијание во судската полиција, но будно и сериозно ги следиме состојбите кај работниците во судската полиција, каде што нашиот став е работа и заложба за подобрување на правото на судскиот полицаец и нивно поистоветување со статусот на останатите за кои НСП има активности.