- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

НСП бара распуштање на неквалитетните кадри во МВР

НСП бара распуштање на неквалитетните кадри во МВР -Работник
414views

Во МВР се запалило возило, но за среќа немало ниеден повреден, рече Претседателот на Независниот синдикат на полицијата – НСП, Гоце Делчев Тодев.

Според него причината за тоа е дека возилата се премногу стари. Тие се произведени во 1965 година, а со нив се превезуваат припаниците на специјалната единица ПЕП.

Advertisement

Тие како синдкат бараат да се направи анализа на волзилата и што е можно побрзо да се набават нови, бидејќи се работи за безбедноста на полициските службеници.

Тодев истакна и дека им било кажано да поднесат тужби за да полициските службеници ги добијат бонусите кои законски им следуваат. Но, од друга страна тој вели дека тие полициски службеници коишто би добиле на суд, ќе бидат подложени на притисоци од одредени поедници во Министерството за внатрешни работи.

Advertisement

Наведе и дека синдикатот бара сите неквалитетни кадри да бидат распуштени од Министерството за внатрешни работи, а на нивно место да се вработат нови кадри кои ќе имаат поголем квалитет.

Advertisement