МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

НСП бара средба со МВР во врска со Колективниот договор

   Време за читање помалку од минута

Незвисниот синдикат на полицијата – НСП испрати барање за средба до Министерството за внатрешни работи, на која бараат да се разговара за подготвување на нов Колективен договор кој ќе биде базиран врз Општиот колективен договор кој беше потпишан во вторникот (18-07-2023) од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од НСП велат дека за првпат во Општиот колективен договор се споменуваат термините репрезентативен и мнозински синдикат, па поради тоа бараат заедно со останатите синдикати во МВР да се доуреди ова прашање во колективниот договор на МВР.

viber image 2023 07 21 15 51 10 549