МакедонијаСиндикат

НСП побара зголемување на платите и признавање на репрезентативноста

НСП - Работник
249views

Пред нас е историски момент. За прв пат полицијата, шумската полиција, затворската полиција и судската полиција, искажува ваков вид на револт на ваков масовен протест. Најнапред ви се обраќаме на сите оние кои двоумат дали да излезат на протестот и да дадат свој придонес во остварувањето на правото, пред се за вработените во наведените професии, рече Генералниот Секретар на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Коцевски.

Барањата кои Коцевски ги упати до Владата беа: еднократно зголемување на платите од 25 проценти почнувајќи од месец октомври 2019 година во полицијата, шумската полиција, затворската полиција и судската полиција; признавање на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата; подобри услови и права за подобар живот; владеењето на правото во наведените институции и стоп за пресметката со синдикалните претставници.

Претседателот на Независниот синдикат на затворската позиција и администрација, Горан Ристески, рече дека кога протестирале пред Министерството за правда, биле повикани од Министерката за правда, Рената Дескоска. На тој состанок присуствувал и директорот на управата за извршување на санкции.

„Договорено е веќе утре да се стави предлог закон за изменување на законот за извршување на санкции за колегите коишто го остваруваат правото на пензија по сила на закон. Во најбрз можен рок да се направат измените и да одат заслужено во пензија. Со потпис од десет пратеници законот за извршување на санкции ќе се најде во законодавно – правниот дом“, рече —

Претседателот на Независниот синдикат на шумската полиција, Никола Гаговски рече дека незадоволството стигнало до адресата до каде што треба да стигне.

„Ми се јавија од кабинетот на Министерот за земјоделство, Трајан Димковски кој ќе не прими на средба. Барањата на шумската полиција се многу едноставни. Потпишување на Колективен договор за целото Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Шумската полиција има работа од висок ризик; нашите примања се минимални. Платата ни е 16,800 денари и е далеку под просечната плата на оваа држава.

Претседателот на Независниот синдикат на судската, Литоски Владимир полиција рече дека барањата на судската полиција се речиси исти со барањата на другите синдикати.

„Ниту кај нас не се регулирани додатоците на плата, немаме ниту колективни договори, како и треба да се признае репрезентативноста на синдикатот бидејќи имаме голем број на членови“, рече тој.

Истакна дека со Министерката било договорено наредната недела со претставник на Министерството за правда да се договори правилникот којшто е за додаток на плата од 25 посто којшто постои во законот, а после Нова Година да се извршат измени во законот каде што ќе се регулираат и бенефициран стаж и сите други недостатоци.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации – КСОМ, Марјан Ристески истакна дека му е задоволство што е со независните полициски синдикати на протестот. Како што наведе, верува дека се ближи времето кога полициските службеници ќе го добијат заслужениот простор во државата.

„Не може полицијата да не биде задоволна во една држава. Затоа што ако полицијата не е задоволна, не може да биде ни обичниот народ задоволен. Полицијата не штити нас како народ и ја штити цела држава“, рече Ристески.

Истакна дека по повод започнувањето на преговорите со одредени Министерства, и надеж дека ќе остварат средба и со Министерот за внатрешни работи.

„Ние сакаме само простор под ова небо да делуваме синдикално и да ги остваруваме нашите права“, додаде тој.

На протестот на Независниот синдикат на полицијата поддршка им дадоа и нивните колеги од Србија, Бугарија и регионот.

Имено, полициските службеници денеска го блокираа центарот на Скопје. Нивниот протест започна од пред МТВ, за заврши пред Владата на РМ.