МакедонијаСиндикат

НСП: Преку протест ќе побараме покачување на плати и итно донесување на колективни договори

НСП: Преку протест ќе побараме покачување на плати - Работник
281views

Итно донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата бара Независниот синдикат на полиција (НСП). Претседателот на НСП, Гоце Делчев, најави дека Синдикатот за исполнување на овие барања ќе протестира на 2 октомври годинава и ќе блокира седум крстосници низ Скопје.

Бараме да се донесе нов колективен во полицијата што ќе е компатибилен со реалната состојба на синдикалното организирање и делување во МВР, донесување на посебен колективен договор за вработените во затворска полиција, за вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вклучувајќи го и секторот на шумска полиција и отпочнување на колективен договор во судска полиција. Клучот на се ќе биде барање од НСП за покачување на платата за 25 отсто на секој вработен во која било полиција кој има овластување, носи униформа, и е по основ униформирано полициско лице“, рече Делчев, пишува МКД.

Целосниот текст прочитајте го тука