МакедонијаПравдаСиндикат

НСП: Се водат околу 250 банални дисциплински постапки против полицајци

НСП - Работник
69views

Банални се причините за околу 250 покренати дисциплински постапки против полицајци од страна на високо позиционирани припадници во секторите за внатрешни работи во МВР, изјави првиот човек на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев.

„Лице кое морало да оди во тоалет за време на изборите, а имал покритие на работното место, сепак завршил на дисциплинска постапка“, вели Тодев.

Според статистиката на Синдикатот, против еден полициски служебник од СВР – Струмица се водат дури шест, а две од нив биле поништени во судска постапка, што, според Тодев, докажува дека се работи за лоша проценка на претпоставените.

Извор: МКД