НУК: Рестриктивните мерки се повторно селективни, непотребни, задоцнети и прекратки
Угостителите повторно се ставени под клуч на две недели. Одлуката на Владата создаде револот кај нив, бидејќи тие веќе беа еднаш затворени, а потоа им се кратеше и работното време, за да сега, поради влошувањето на епидемиолошката слика, бидат повторно затворени.
Први изреагираа од Туристичко- угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, од каде што истакнаа дека според нивните процени околу 30,000 вработени во угостителскиот сектор ќе останат без основни приходи. Тие побараа и итна финансиска помош за угостителите.
„Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места,“ рече Мартин Анѓеловски од Туристичко – угостителската комора.
Од комората вчера повторно излегоа со соопштение преку кое побараа неповратна помош за угостителскиот сектор.
„Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат,“ истакнаа од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Угостителите најавија и отпуштања на вработените, по што Министерот за еконимија Крешник Бектеши апелираше до нив да не отпуштаат работници, посочувајќи дека ветената поддршка ќе стигне до нив.
Порталот Работник побара коментар од Независната угостителска комора за затворањето на угоститителските објекти. Од таму велат дека е непотребно да се напоменува и споредува дека угостителите каде во целост се почитуваат и применуваат препораките и протоколите за работа се најмалите виновници за турбуленциите од зголемитените бројки на новозаболени од мутираните верзии на Ковид – 19.
„Ја почитуваме и поддржуваме во целост новата забрана која ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за работа на угостителската индустрија во интерес на јавното здравје доколку навистина и реално само тоа придонесе во намалувањето на бројот на заболени од Ковид – 19, но истата сметаме дека требаше да биде донесена многу порано“, велат од НУК.
Сметаат дека во моментов рестриктивните мерки се повторно селективни, непотребни, задоцнети и прекрати.
Велат дека жално е што Комисијата за заразни болести смета и очекува дека како резулатат на селективната забрана на угостителските објекти ќе се надмине проблемот со зголемениот број на заболено, потенцирајќи дека очекуваат и препорачуваа оваа мерка да трае месец – два наместо две недели, доколку тоа навистина и придонело на влошената епидемиолошка слика за кој период, од Комисијата за заразни болести очекувале дека ќе изготви унифицирани препораки и протоколи за работа на целокупната угостителска индустрија, со што по завршувањето на истата летниот период ќе можат да работат сите угостители од постојните угостителски сектори.
Во однос на најавената помош од страна на Владата за угостителскиот сектор, од НУК посочија дека ниту некој ги прашал, ниту од нив како комора некој побарал мислење, а ни учествувале на средба со Владата или Владини претставници на кои се дискутирало за нови мерки.
„Како и претходните пати и во моментов не сме консултирани, за да на било каков начин помогнеме или придонесеме со реални предлози и мерки наменети за угостителите и за поддршка на угостителската индустрија со која би се надминале штетите, загубите и проблемите со кои ќе бидат соочени како последица на носењето на овие рестриктивни мерки“, велат од НУК.
Новите најави на Владата за неповратна финансиска помош и поддршка на угостителите за надминување на последиците и штетите од последните рестриктивни мерки, во најмала рака очекуваат да бидат сериозни, реални, неслективни и достапни за сите угостители и угостителски сектори.
Она што исто така е клучно прашање е закрепнувањето на угостителскиот сектор, а бидејќи тоје е еден од најпогодените од корона кризата, потешко и ќе закрепне. Од НУК сметаат дека доколку Владата сериозно размислува, сака и има желба реално и вистински да им помогне на угостителите со нови мерки, можеби е време да го смени моделот на истите за угостителскиот сектор.
Истакнаа дека прифаќањето на моделот на соодветна директна и неповратна финансиска поддршка за рестарт на угостителската индустрија кои некои земји од соседството веќе ги применија претставуваат сериозен и прифатлив модел за целокупната угостителска индустрија кои некои земји од соседството веќе ги применија претставува сериозен и прифатлив модел за сите угостители со кој на некој начин може реални и директно да се интервенира кај угостителите во покривање на трошоците, загубите и штетите што ги имаа за време на пандемијата со Ковид – 19.
Ги запрашавме и за рестораните за свадби, односно побаравме коментар за вчершаната изјава на Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој рече дека се уште се размислува за тоа како да се третираат рестораните за свадби.
Можеби е време на Вицепремиерот Битиќи да му укажеме да не размислува премногу, туку да започне да делува, велат од Независната угостителска комора. Рестораните за свадби, велат од НУК, како и ноќните клубови кои се затворени во целост повеќе од 12 месеци имаат сериозни финансиски проблеми од неработењето. Отаму велат дека наместо бројни работни средби со поединци од угостителските сектори исполнети со празни ветувања, се со цел да се одложи проблемот и реализацијата на неопходната финансиска неповратна помош, Вицепремиерот Битиќи да ги засучи ракавите и да се вложи за да реагира итно во изнаоѓањето на нчини и можности директно да се помогне на овие два сектори од угостителската индустрија.
Битиќи вчера рече дека неколку пати кажал вистината дали биле поддржани или не, не е целосно на страната на угостителите, затоа што, како што истакна, правеле мерки коишто беа сеопфатни.
„Тие беа едни од целните групи кога ги дадовме бескаматните кредити од Ковид 1 коишто беа наменети само за угостителскиот сектор. И Ковид 4 бескаматните кредити од петтиот сет мерки се исто така наменети за овој сектор. Во овие кредити е воведена мерка во којашто освен кредити со 0 % камата, ќе има и дел на неповратни средства, ако работат позитивно до крајот на годината“, рече Битиќи.
И премиерот Зоран Зев вчера посочи дека ќе има диреткна поддршка за угостителскиот сектор.
„Ние постоиме како држава за да помогнеме. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци, годинава, во форма на директна помош. Во моментот, приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните. За сите настанати штети во економијата, државата, секако, ќе излезе во пресрет“, рече Заев.
Бобан Илијевски