ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

НУК: Со скратувањето на работното време, угостителите ќе бидат принудени да отпуштаат работници

НУК: Со скратувањето - Работник
70views

Независната угостителска комора (НУК) предупредува дека најновиот предлог на Комисијата за заразни болести за ограничување на работата на угостителските објекти до 21 часот ќе ги принуди да направат рационализација на вработувањата што, пак, би довело до масовно напуштање на работните места од страна на самите вработени.

– Оваа нова препорака од Комисијата за заразни болести – кратење и цепкање на работно време, повторно мерка наменета исклучиво за угостителските објекти едноставно ќе ги примора угостителите да извршат рационализација на вработувањата кои за жал ќе доведат до масовно напуштање на работните места од страна на самите угостителски работници. Да бидеме јасни – угостителите ќе настојуваат на секој начин да ги задржат и да не ги отпуштат своите вработени. Но, она што очекуваме да се случи е дека угостителските работници веќе нема да го имаат истиот елан, интерес, желба и потреба да работат и бараат работа во угостителскиот сектор бидејќи истиот нема да биде во можност да ги понуди стабилноста со сигурноста на работното место и соодветните надоместоци, што ќе допринесе до појавата на масовно напуштање на работата од страна на самите работници, се вели во денешната реакција од НУК.

Оттаму оценуваат дека со препораките за ограничување на работењето на угостителските објекти не е намален бројот на заболени, туку е направена само штета на угостителската индустрија.

– Факт е дека сите дадени препораки за ограничувањето на работењето на угостителските објекти предложени и доставени од Комисија за заразни болести во изминатите 30 дена не само што не го намали бројот на заболени, туку создаде неизмерна штета на угостителската индустрија без причина со што ни остава простор нашите права да ги бараме низ судските лавиритни локално и пред меѓународните судови, се наведува во реакцијата.