Обединетите Нации имплементираат проект за подобрување на прават на жените
Бобан Илијевски
Денеска се одржа последната конференција за проектот „Жените имаат права“ којшто бил финансиран од страна на Организацијата на Обединетите Нации – тело за родова еднаковст и зајакнување на жените (UN WOMEN) и тој главно се фокусирал на зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации за заштита на правата на жените и антидискриминација врз жените.
Благородна Шопова од Канцеларијата на UN WOMEN во Македонија истакна дека телото за родова еднаковст и зајакнување на жените при ОН во последните три години, од 2017 до јануари 2020 го имплементира проектот за примена на норми и имплементирање на ставови коишто се пропишани од Европската Унија и во рамките на овој проект биле поддржани девет невладини организации.
Според неа, целта на проектот кој се спроведува во седум држави, меѓу кои е и Македонија е зајакнување на капацитетите на невладините организации за застапување и промена на релевантната национална легислатива и имплементација на меѓународните стандарди за спречување на насилството врз жените. Таа рече дека истоврмено се спровеле и голем број на превентивни активности коишто имаале за цел да ги предизвикаат постоечките стереотипи и предрасуди, како и новите улоги на жената во општеството.
„Имаше и една компонента која беше со цел подигнување на стандардите и импементирање на Инстаблуската конвецнија од страна на сите даватели на услуги за жртви на насилство, вклучително и државните институции и граѓанските организации коишто се борат за подобри услови за жените“, рече Шопова.
Тања Стоименовска од Хелесиншкиот комитет за човекови права истакна дека освен развивањето на капацитетите на граѓанските здруженија за да поднесат претставки(комуникација) до комитетот СЕДАФ кој е тело кое служи за елеминација за сите форми на дискриминација на жените и е базиран во Женева. Таа наведе дека цел на проектот е и да се зголеми свеста на јавноста за правата на жените, кршење на стереотипите и кои се механизми им се достапни на жените за заштита на нивните права, на национално и меѓународно ниво и потоа да се поднесе индивидуална претставка до СЕДАФ комитетот.
„Комуникацијата беше поднесена во мај оваа година. Таа служи како меѓународен механизам за заштита на жените. Го направивме тоа на начин што прво имавме серија на обуки, во кои беа вклучени повеќе невладини организации коишто работат на заштита на правата на жените. Со помош на тие обуки идентификуваме случај којшто ги исполнува критериумите за допуштеност на комитетот СЕДАФ“, рече Стоименовска.
За да се исполнат критериумите треба да се исцрпени сите правни лекови, да нема поминато една година од последната судска одлука и на некои судски спорови да се повика на конвенцијата за елеминација на сите форми на дискриминација врз жените.
Таа истакна дека конкретно случајот бил за две Ромки, чиишто права за здравствена заштита не им биле овозможени во оваа држава, односно немале пристап до генеколошки услуги. Случајот изгубил во основните судови на на Апелација, по што тие одлучиле да им го претстават на овој меѓународен комитет.
„Доколку комуникацијата е успешна, државата ќе мора да ги овозможи сите средства, да обезбеди здравствена заштита на сите категории на граѓани во државата, без разлика на нивната родова, верска и национална припадност и доколку е потребно, комитет може да наложи да се измени легислативата. Ние немаме проблем со законот за здравствена заштита, туку со неговата имплементација“, рече Стоименовска.
Стоименовска рече дека комисијата за антидискриминација којашто досега требало да се формира, бидејќи законот за антидискриминција е донесе оваа година, таа сеуште не е формирана и поради тоа не може сеуште овој закон да се спроведува.
Таа се осврна и на стереотипите за жените во македонското општество, порачувајќи дека треба прво да се подобри ситуацијата во образованието каде што децата ги осознаваат тие стереотипи и со тоа тие да се сузбијат.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025