Обидот на работата да ѝ се даде поголема смисла може повеќе да штети отколку да користи
Идејата дека работата треба да има смисла е неверојатно популарна. Затоа многу компании настојуваат да привлечат нови работници и да ги задржат сегашните, давајќи ѝ поголема смисла на работата која ја обавуваат луѓето.
Кога на работата им даваат толку значање, луѓето ќе сакаат да се појават, работат одлично и да се ангажираат за својата комапанија и тимот.
Но, новите истражувања откриваат дека настојувањето да се „креира работа“ која има поголемо значење всушност може да причини високо ниво на незадоволство и фрустрации и пониски нивоа на благосостојба и посветеност на работата.
Истражување за работа со смисла
Компаниите влегуваат во работа од оправдани причини. Поголемото давање на значење на работата е поврзано е со одличните резултати на луѓето и организацијата, вклучувајќи се‘, од ангажирање, учинок и креативност до благосостојба, задоволство од работата и задржување, покажуваат низата на истражување наведени во Human Resource Management Review.
Но, според новото истражување кое го спровел Универзитетот во Сасекс, иако работата со смисла секако звучи како лек за сите, можат да постојат и неочекувани негативни последици. Конкретно, ако лидерите и компаниите се обидат на работата да ѝ дадат смисла на неавтентичен начин или да манипулираат со луѓето така што ќе се однесуваат како нивната работа да има смисла, нивните напори ќе се вратат назад и луѓето ќе станат демотивирани или депресивни и поголема е веројатноста дека ќе ја напуштат компанијата.
Вработените можат да забележат дека лидерите или компаниите се обидуваат вештачки да создадат чувство на смисла ако не почувствувааат дека напорите се автентнични. Тие исто така можат да реагираат на овој начин ако чувстуваат дека ќе има последици, како што се застој во напредувањето на кариерата или платата, ао не се согласуваат дека нивната работа имаа смисла.
А кога давањеето на смисла на работата е облик на манипулација, вработените мораат да се бават со дополнителен емоционален труд. Можеби чувствуваат дека мораат да се однесуваат како нивната работа да има смисла, што може да одземе многу енергија. Или можеби чувствуваат дека мораат да се прилагодат на она што мислат дека има смисла. Обидот да се променат своите вредности или длабоко вкоренетите уверувања може негативно да влије на самопочитта и благосостојбата на вработените, пишува Fast Company.
Видови на работа со смисла
Корисно е да се разликуваат неколку типови на работа со смисла со цел лидерите и компаниите да би можеле да ги созададат на автентичен начин. Прво, тука е смислата на работата. Во овој случај, луѓето сметаат дека нивната работа е значајна оти им овозможува да ги издржуваат своите семејства со помош на платата и придонесува кон општеството.
Самата работа можеби не е возбудлива или многу исполнувачка, но самиот чин на обавување на работата е важен. Вработениот може да работи на работно место кое смета дека е обично, но и понатаму може да придонесе кон нешто што на луѓето им е потребно и вредно.
Од друга страна, работата исто така може да има смисла, што значи дека природата и содржината на работата имаат свое значење. На приме, кога менаџерот на банката учи некого да управува со својата чековна книшка откако неговиот сопружник починал, тие можа да почувствуваат дека нивната работа има смисла. Или кога инженер ги дизајнира безбедносните карактеристики на автомобиот кои ќе спасат живот во случај на несреќа.
Било кој вид на работа со смисла функционира и може да ги мотивира луѓето.
Како да се засили смислата на работата?
Исто така, можете да ја зголемите веројатноста дека луѓето ќе почувстуваат оти нивната работа има смисла со преземање на два вида на акција. Пред се‘, дајте им на луѓето што повеќе избор и автономија во работата. Кога ќе обезбедите поголема контрола, луѓето можат да ја почувствуваат смислата на својата работа.
Во примерот на директорот на банката кој ги учел луѓето да управуваат со свите чековни книшки, насоките кои им ги дал не се во описот на неговата работа, но видел потреба и имал слобода да го направи тоа и како резултат на тоа да создаде смисла.
Смислата на работата можете да ја зголемите и на тој начин што ќе дознаете што е она што луѓето го ценат и го сакаат. Потоа можете да ја усогласите нивната работа со нивните страсти. Ако вработените се поттикнати од работа со јавноста или купувачите, пружете им што е можно поголема изложеност. Или ако се поттиканти од креативни потраги, пронајдете начин да им дадете прилика за иновации во рамките на своите одговорности.
Како да ѝ дадете поголема смисла на работата?
Дајте им фер плата на луѓето. Работата има економска функција и луѓето мораат да заработуваат за живот. Платата е начин на кој ние тежнееме да ја цениме работата. Затоа не потценувајте го значењето на фер плата и бенефити во мера во која луѓето чувствуваат дека нивната работа има смисла.
Дајте им на луѓето прилика да работат со другите на заеднички цели. Работата, исто така, има и социјална фунцкија и луѓето мораат да комуницираат со другите. Дури и на интровертите им е потребено одредено ниво на интеркација. Пружете им на луѓето прилика заедно да ги спроведуваат проектите.
Одајте им признание. Работата служи и како извор на престиж и идентитет. Луѓето имаат потреба за социјална положба и почит. Исполнете ја оваа потреба и охрабрете ја смислата така што на луето ќе им дадете соодветни признанија за нивната работа, како и соодветени унапредувања во кариерата.
Негувајте здрава култура. Луѓето, исто така, сакаат да работат во средина на почит, уважување, припадност и инклузивност. Можете да ја зголемите веројатноста луѓето да почувствуваат смисла преку создавање на услови за севкупно позитивно искуство на работа.
Создавањето на смисла во обавувањето на работата не е тешко, но е од клучна важност да бидете автентични во своите напори. Ако само сакате да извлечете што повеќе од вработените, вашите намери ќе бидат препознаени, а како резултат ќе ги поткопате своите напори.
Извор: BIZlife
Фото: Unsplash