Наука

Објавени нови снимки од астероидот Рајугу – Научниците изненадени од една работа…

Објавени нови снимки од астероидот Рајугу - Работник
204views

Јапонската аеронаутичка и вселенска истражувачка агенција ЈАХА објавила нови фотографии од мрачната и карпеста површина на астероидот Рајугу, пренесува CNN.

 

Хајабуса 2 е лансиран во 2014 година, кога тргнал на пат кон атероидот широк 900 метри и е оддалечен од нас околу 290 милиони километри, а во ноември 2018 година, на површината на тоа небеско тело се спуштил ландерот Mobile Asteroid Surface Scout (MASCOT).

 

Два вида на карпи

Во текот на споменатото слетување во ноември, ландерот фотографирал рамномерна распределба на темни и групи, како и светли и рамни карпи. Научниците поради тоа сметаат дека на тој астероид постојат два вида на материјал и дека тој најверојатно се формирал од остатокот на првото небеско тело уништено од космички судар.

Рајугу е темен астероид, покриен со грамандни карпи. Припаѓа на посебно примитивен тип на вселенски карпи, познат како астероид тип Ц. Се работи за артефакт кој останал од раните денови на нашиот Сончев систем и кој под својата површина зачувал, а може и да се рече дека забележал, услови и хемиски процеси од тоа време, пред отприлика 4,5 милијарди години.

Карпите на Рајугу наликуваат на јаглени хондрити (мали метеорски карпи кои содржат минерали). Некои од нив содржат и ситни инклузии кои би можеле да содржат минерали како оливин.

Нема прашина

Она што ги изненадило научниците се фотографиите од површината на астероидот на кои недостасува еден важен елемент – прашина. Имено, на неговата површина нема видливи ситни честици, односно прашина, за која астрофизичарите биле сигурни дека ќе ја најдат таму.

Поради тоа сметаат дека некаков засега непознат механизам ја отстранува прашината од Рајугу. Причината за тоа може да се ударите од другите вселенски објекти, сеизмичка активност или движење на грамадните карпи.

Леталото Хајабуса 2 стигнало на астероидот во јуни 2018 година, а во април 2019 година, со пласитчен експлозив разнела мал кратер на површината за да собере примероци подлабоко во астероиодот.

Леталото ќе го напушти Рајугу во декември оваа година за да в0 2020 година се врати на Земјата со скапоцените примероци подготвени за понатамошна анализа.