- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Оваа компанија им дала рок на вработените до кога да се вакцинираат

Оваа компанија - Работник
133views

Компанијата Голдман Сакс бара од своите вработени до четврток на пладне да се пријават дали се вакцинирани против коронавирусот.

Барањето, кое вработените го испратиле во дописот, е последно во низата на потези со кои Вол Стрит се обидува да го нормализира работењето по што поголемиот дел од вработените во индустријата повеќе од една година поминале работејќи од дома, пишува Блумберг.

Банките во овој период имале рекордна добивка, но и покрај тоа бројни менаџери се спротивставиле на работата на далечина. Извршниот директор на Голдман Дејвид Соломон со месеци порачува дека сака вработените што е можно поскоро да се вратат во канцелариите.

„Ова не е идеално за нас и не е ново нормално“, рекол Соломон на конференција во февруари. „Тоа е аберација која ќе ја исправиме што е можно побрзо.“

Компаниите Carlyle Group Inc. и Warburg Pincus веќе им рекле на вработените дека ќе треба да се вакцинираат против корона за да се вратат назад во канцелариите во септември. Според сојузниот закон, работодавачите во САД можат да побараат од вработените да се вакцинираат. Тоа е во согласност со насоките коишто минатиот месец ги дала Комисијата за еднакви можности и вработувања.

Работниците можат да бараат исклучување од вакцинирањето поради верски или медицински причини.

Извор: Index.hr

Фото: EPA