- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Оваа компанија на татковците ќе им овозможи шест месеци родителско отсуство

Оваа компанија на татковците - Работник
180views

Шведскиот произведувач на автомобили Волво од април ќе им овозможи платено родителско отсуство на сите на татковците во сите држави во кои работи. 

Така овој бенифит кој го овозможува шведската влада ќе го уживаат сите 40,000 работници на компанијата Волво, независно од полот или локацијата. 

Како што за Блумберг појаснил извршниот директор Хакан Самуелсон, работниците ќе имаат право на 24 неделно отсуство во текот на кое ќе добиваат 80 % од платата. Ова е иницијатива која цели кон создавање на „култура која поддржува рамноправно родителство“, рекол Самуелсон. 

„Кога родитителите имаат поддршка во рамнотежата помеѓу работата и семејството, тоа помога во намалувањето на родовиот јаз и да му овозможи на секој развој на кариерата“, истакнал шефот на компанијата во соопштение. 

Бенефитот кој на сите вработени ќе им го овозможи компанијата е резултат на искуството од пилот – програмата која е спроведена во Европа. Имено, 46 % од машките работници во компанијата Волво се пријавиле во текот на таа програма за родителско отуство, пренесува Пословни дневник. 

Инаку, дури и во Шведска која се гордее со културата на еднаквост, вкупно третина од татковците го користат правото да шест месеци останат дома со децата. 

Затоа Волво оваа можност на (идните) вработени ќе им ја презентира како стандард на кој може да сметаат. 

Шефицата за оперативно работење Хана Фагер истакнува дека, благодарение на оваа политика, ќе биде полесно да привлечат талентирани вработени и да ја подготват компанијата за тектонски промени низ кои проаѓа целата автомобилиска индустрија.