Една навика која на жените може да им даде предност пред мажите на работните места
- ИНТЕРВЈУ – Димитров: Ако се зголемат платите бизнисот ќе треба да крати од повисоките и да ги отпушта слабите работници за да ги исплати - 03/09/2024
- ИНТЕРВЈУ СО ДАНЧЕ АЗМАНОВА МИРЧЕВСКА: „Зборувањето за подобрувањето на условите за родителите не е доволно, потребно е преземање акции“ - 02/09/2024
- Прогнозата дека увезените работници ќе бегаат од Македонија се оствари, дали ќе се оствари и ова? - 03/08/2024
Жените имаат поголема тенденција да бидат склони кон префекционизмот од мажите. Ова се должи на тоа што тие многу повеќе време поминуваат во планирање и завршување на одредена работна задача, покажуваат студиите.
CNBC Make it пренесува дека една нова студија покажала дека преку користењето на овие навики на стратешки начин, жените можат да имаат поголема предност.
Маргарет Виерсема, професорка на Школата за бизнис „Ирвин Пол Мераж“ и Мери Луис Марс, професорка на Школата за бизнис во Копенхаген, спровеле интервјуа со директори на повеќе од 200 компании кои се на големите американски и европски берзи, со цел да откријат како жените влијаат врз одлуките на одборите.
Жените се склони кон поголема подготовка и длабински прашања
Жените се повеќе склони од мажите да поставуваат длабински прашања и да признаат кога не знаат нешто. Овие сознанија ги довеле во ситуација истражувачите да навлезат во подетални и поискрени дискусии.
Една вообичаена навика која жените ја практикувале повеќе од мажите оставила „непроценлив“ белег на нивните кариери и работењето на бордовите, рече Виерсема.
„Она што најмногу се истакнуваше кај жените кои ги вклучивме во нашето истражување беше нивната подготвеност“, објасни таа.
Еден од директорите во студијата рекол дека жените се „повеќе подготвени и дека имаат поголемо знаење“, што ги прави да бидат „поусогласени директори.“ Жените имаат тенденција да доаѓаат на состаноците на одборите со добро осмислени прашања кои ја подобрувале дискусијата, а нивните колеги биле повеќе мотивирани добро да се подготват пред состаноците.
Ова често се однесува и на работничките кои не се дел од корпоративни одбори.
„Жените можат да ја сменат атмосферата во салата со тоа што ќе бидат одлично подготвени и ќе го споделуваат своето знаење“, рекла Виерсема.
Кога си подготвен, „имаш повеќе самодоверба, а кога имаш повеќе самодоверба, поголеми се шансите да побараш збор на состанокот и да придонесеш во разговорот“, истакнала Џоан Липман, предавач на Универзитетот Јејл и најпродавана авторка. „Твојата кариера ја носи во нагорна спирала.“
Слабостите на перфекционизмот и како да жените да најдат баланс
Перфекционизмот често е вкоренет во стравот од неуспех. Кај многу жени, тенденцијата да бидат прекумерно подготвени или прекумерно ориентирани на резултатите доаѓа од мислењето дека „мораш да работиш два пати повеќе од машките колеги за да добиеш половина признание, и за да успееш, не смееш да бидеш просечна“, рекла Виерсема.
Ова може да има и негативни страни. Перфекционизмот може да ги стави жените во ситуација да бидат „пчели“ меѓу колегите, што може да доведе до тоа, на пример, да им бидат доделувани „неблагодарни задачи“.
За да ја избегнат оваа стапица, Липман вели дека жените треба да се фокусираат на подготвувањето за важни разговори, состаноци и задачи кои можат да има помогнат да напредуваат во кариерата, како презентација за важен клиент или клучен „еден на еден“ состанок со нивниот менаџер.
Имајте постојана листа со идеи кои може да помогнат вашиот оддел или тим да биде поефективен, сугерира Бренди Бритон, глобална извршна директорка за финансии и сметководство во компанијата Роберт Хаф. „На тој начин, кога ќе има празен простор за време на состанок или можност за презентирање на идеа, ќе бидете подготвени“, објаснува таа.
Тоа што ќе бидете добро подготвени не ви помага само да оставите голем впечаток на состанокот. Може да ви помогне и во тоа да добиете поголема доверба од страна на шефот или колегите.
Што е уште подобро, може да ве подготви за идни лидерски можности или можности за напредување.
Во Македонија, жените се помалку застапени од мажите на високите позиции во приватниот сектор, во некои случаи земаат помали плати, а и бележат поголема невработеност од мажите. Весна Коруноска, менаџер на човечки ресурси во Лакталис МК, неодамна во интервју за порталот Работник рече:
Според пописот од 2021, во Македонија живеат 50,4% жени. Од вкупниот број на студенти, 58% се жени. Од вкупниот број на студенти кои дипломираат на факултетите во нашата земја, 59,9% се, исто така, жени. Бројките ја зборуваат истата приказна и на повисоките степени на образование: од вкупниот број на магистри, 60,1% се жени, од вкупниот број на доктори на науки, 59,8% се жени. Значи, на жените во нашата земја не им недостига амбиција, немаат проблем со желбата за дополнително образование, напротив, вложуваат во своето образование и идна кариера.
Целосното интервју тука
Извор: CNBC Make it
Фото: Pexels