Наука

Оваа потенцијално населива егзопланета се повеќе ги интригира научниците

Оваа потенцијално населива - Работник
286views

Што повеќе научници знаат за егзопланетата К2-18б, тоа се повеќе ги изненадува. Новите откритија за неа би можеле да го зголемат бројот на вонсоларни планети кои астрономите ги проучуваат во потрага за живот вон Земјата. Минатата година воспоставено е дека на оваа планета постои водена пареа, како и дека нејзината температура би била погодна за опстанок на животот, пишува Си – Ен – Ен.

Истражувачите употребиле други податоци кои ги имаат за оваа планета, вклучувајќи ја и нејзината маса и радиус, земајќи го во предвид и она што го заклучиле за нејзните атмосферски прилики и дошле до откритие кое ги менува откриените принципи за планетите кои се наоѓаат вон Сончевиот систем.

К2-18б е планета која се наоѓа во соѕвездието Лава. Таа е осум пати поголема од Земјата и орбитрира околу Црвеното џуџе оддалечено 124 светлосни години од Земјата. Планетата во 2015 година била откриена од вселенскиот телескоп на НАСА, Кеплер.

Нејзината орбита трае 33 дена и таа е на помала оддалеченост од својата ѕвезда, отколку Земјата од Сонцето. Црвеното џуџе е многу постудено од Сонцето, но затоа К2-18б е повеќе изложена на радијација од Земјата.

„Водената пареа е воочена во атмосферите на бројни егзопланети, дури и на оние кои се наоѓаат во рамките на населивите зони, но тоа не значи дека на површината постојат услови за живот. За да се утврди колкави се шансите да на неа постои живот, важно е да се увиди какви се нејзиниот релјеф и атмосфера, поточно, дали постои на неа течна вода“, вели во соопштението Нику Мадхусдхан од Институтот за астрономија при Универзитетот Кембриџ и водечки автор на студијата.

Оваа планета е дупло поголема од Земјата и се наоѓа на добра оддалеченост од својата ѕвезда, па се претпоставува дека на нејзината површина има и течна вода. Освен водена пареа, во нејзината атмосфера има и водород, а ако нејзниот слој е премногу густ, се зголемуваат и температурата и притисокот на планетата, поради што на неа не може да има живот.

Со истражувањата е утврдено дека на него се наоѓа значајна количина на водена пареа, додека другите хемикалии, како што се метан и амонијак, се присутни во мали количини отколку што се очекувало. Ова помогнало во одредување на одликите и изгледот на планетата.

Постојат неколку можности. Оваа планета би можела да биде карпест свет поголем од Земјата, гасовита мини – верзија на Нептун или океанска планета. Во случај да на неа доминира водата, притисокот и температурата би можеле да бидат слични на оние кои ги имаме на Земјата.

Освен тоа, било важно да се открие и густината на водородот. Откриено е дека тој покрива најмногу шест проценти од масата на оваа планета, а најмналку нејзниот милионити дел. Ако второто е точно, тогаш К2-18б според ова е слична на Земјата.

Сепак, потребни се уште истражувања, а подетални информации за оваа планета се очекуваат од вселенскиот телескоп Џејмс Веб кој ќе биде лансиран следната година и кој ќе може да навлезе во нејзината атмосфера и да дознае повеќе за нејзината содржина.