Занимливости

Ова е најскапата куќа на светот – вреди милијарди долари и во неа живее четричлено семејство

Ова е најскапата куќа на светот - Работник
223views

Најголемата приватна куќа на светот е изградена во 2010 година и се наоѓа во Мумбаи, Индија.

Куќата наречена Антилија изградена е во 2010 година и ја носи титулата најголема куќа на светот. Таа во суштина е солитер со 25 ката, чија површина изнесува 37,161 квадратни метри.

Она што е уште поинтересно е фактот дека куќата ја користи четиричлено смејство, а за секојдневното одржување потребен е персонал од 600 луѓе.

Антилија не е само најголемиот дом на светот, туку е и најскап имот на светот. Нејзината вредност се проценува на повеќе од милијарда долари, пишува порталот Кликс.ба.

Ја дизајнирала компанијата „Перкинс енд Вил“ од Чикаго, а градежните работи ги извршила австралиската компанија „Лејтон енд Вил“.

Солитерот е висок нешто помалку од 167 метри, па има 27 катови со многу ниски плафони. Кога ќе се земе во предвид висината на просечниот плафон, оваа зграда би можела да има 60 ката.

На кровот има доволно простор за слетување на три хеликоптери, а под него е катот за контрола на летовите. Потоа следува стамбениот дел, а потоа катовите наменети за луѓето кои работат на одржување, катови со апартмани за гости, базен, спа, отворени градини, кино со 50 седишта, а на дното се катовите кои се користат како гаража во која може да се паркираат повеќе до 200 автомобили.

Антилија може да издржи земјотрес од осум степени по Рихтер, а дизајнирана е да зачува што е можно повеќе енергија со користење на пасивна вентилација и градина за ладење. Кога пасивната енергија не е доволна, тука е големата „ледена соба“ која ја одржува зградата поладна од било кој друг објект во градот.

Вредноста на зградата се проценува на повеќе од милијарда долари, а индиските медиуми пишуваат дека градењето чинело дупло повеќе.