ЕкономијаНовостиСвет

„Ова е срамно“: Четвртина од Германците не можат да си дозволат одмор

   Време за читање 1 минута

Германците традиционално користат бројни празници за да спојат неколку дена одмор и некаде да отпатуваат, како, на пример, за Велигден. Меѓутоа, кризата се чувствува и сега секој четврти граѓанин нема пари за недела дена одмор вон домот.

Според податоците на Евростат, 22,6 % од населението нема пари за патување.

Бројките од националниот завод за статистика ги побарала пратеничката во Бундестагот, Сара Вагенкенхт.

Најмногу се погодени, како и вообичаено, самохраните родители, со 43,2 %, но голем удар од кризата примиле и семејствата со две или повеќе деца, 31,3 %.

Меѓу самците, пари за одмор немаат 30,4 %, додека паровите поминуваат малку подобро, со 16,8 %.

Уделот на населението кое воопшто не може да си дозволи еднонеделен одмор пораснал за 0,4 % во последните две години.

Вагенкенхт овие податоци ги опишала како „срамни“.

„Скоро четвртина од населението не може да си дозволи ни еднонеделен одмор“, рекла доскорешната пратеничка на Левица, а сега лидер на сопствена партија.

Извор: b92.net

Фото: Ground Picture/Shutterstock

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *