МагазинНаука

Ова растение обезбедува најдобра заштита од рак: Го спречува ризикот од рак и го зајакнува имунитетот

Ова растение обезбедува најдобра заштита од рак: Го спречува ризикот од рак и го зајакнува имунитетот - Работник
673views

Главното дејство на ова растение е насочено кон зајакнување на имунолошкиот систем, а сега е докажано дека спречува појава на рак.

Ракот е болест што се јавува кога клетките во одреден дел од телото почнуваат неконтролирано да се размножуваат. Иако не постојат јасно дефинирани начини за спречување на рак, воведувањето на одредена здрава храна во вашата исхрана може да го намали ризикот.

Нешто со кое може да се пофали екстрактот од ехинацеата е токму со своите антиканцерогени својства.

Ехинацеа е име на група цветни растенија од семејството маргаритки кои потекнуваат од Северна Америка.

Според истражувањето на нејзината медицинска употреба, оваа група има девет видови, но само три се користат во додатоци на исхраната – Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida.

Сите делови од растенито се користат (вклучително и коренот) за создавање на таблети, тинктури, екстракти и чаеви. Студиите покажаа дека екстрактите од ехинацеа можат да го спречат развивањето на клетките на ракот, па дури и да предизвикаат целосно изумирање на клетките на ракот.

Во една студија со примероци во епрувети, се покажа дека екстрактот од ехинацеа пурпуреа и цикорна киселина (природно се наоѓаат во растенијата ехинацеа) убиваат клетки на рак.

Во друга студија, екстракти од ехинацеа растенија (Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida) е потврдено дека ги убиваат клетките на човечки карцином од панкреасот и дебелото црево стимулирајќи процес наречен апоптоза или контролирана клеточна смрт.

Се верува дека овој ефект се јавува поради имунитетните својства на ехинацеа.


Која е цената на ехинацеа?

Иако станува збор за растение кое потекнува од Северна Америка, ехинацеа стана доста популарна и на наша територија, па можете да ја најдете по релативно поволни цени. За капки ехинацеа, цената во Србија е околу 300 динари, а за чај од 200 до 500 динари, во зависност од количината и производителот.


Како да се намали ризикот од рак?

Покрај донесувањето одлуки за здрав начин на живот, се покажа дека одредени навики го зголемуваат ризикот од рак, па затоа е најдобро да ги избегнувате.

Според Cancer Research UK, откажување од пушење и избегнување цигари е најголемото нешто што можете да направите за да го намалите ризикот од рак.

Преработеното месо исто така може да го зголеми ризикот од карцином, па затоа се препорачува да се избегнува. Истражувањата откриле зголемен ризик од карцином на секои 25 грама преработено месо што едно лице го јаде дневно.

Според Cancer Research UK, се смета дека хемикалиите пронајдени во месото, кои се додаваат за време на преработката или готвењето, го зголемуваат ризикот од карцином затоа што ги оштетуваат нашите клетки.

Како што објаснува добротворната организација, диетата базирана на преработено и црвено месо може да го зголеми ризикот за развивање на рак на дебелото црево.

Извор: telegraf.rs