ЗанимливостиМагазинНаука

(Видео) Ова чудо на технологијата ги крева бродовите на висина од 8 ката секој ден

Ова чудо на технологијата ги крева бродовите на висина од 8 ката секој ден - Работник
199views

Единствениот лифт на бродови, со дијаметар од 35 метри, е дизајниран да личи на двострана келтска секира.

Ова „чудо на технологијата“ е тркалото Фалкирк, единствениот лифт на бродови во Шкотска. Овој лифт поврзува два речни канали, Форт и Клајд, меѓу кои има висинска разлика од 24 метри, што е приближно висина на зграда од осум ката.

Тркалото, конструирано да наликува на двострана келтска секира, има дијаметар од 35 метри. Рацете, долги околу 15 метри, се поставени еден спроти друг на централна оска со дијаметар од 3,5 метри.
Двете рачки на тркалата се поставени на растојание од 25 метри, а на нивните краеви ги држат коритата на лифтот што зафаќаат 302 тони вода.
Освен што е единствениот таков изум во светот и врвен градежен зафат, откако е отворен во 2002 година, тркалото Фалкирч е исто така една од најпрепознатливите туристички атракции во Шкотска.