ЕкономијаСветСветот на работникот

Овде е најдобриот баланс помеѓу приватниот живот и работата: Што подолго работно време, помалку време за себе

Овде е најдобриот баланс - Работник
54views

Ако сте фруструирани од баланост помеѓу приватниот живот и работата, можеби би требало да размислите да се преселите во Холандија.

Имено, споре последните истражувања на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Холанѓаните не работат премногу и имаат доволно слободно време за одмор и за спиење.

Индексот на ОЕЦД ги рангира земјите според тоа колку граѓани се способни да направат баланс помеѓу приватниот и работниот живот.

Холандија е индексирана дури со 9,5 од максимални 10 поени, а следува Италија со индекс од 9,4 и Данска со 9.

Од друга страна на листата на 40 – те земји на дното се наоѓаат Колумбија и Мексико.

Само 0,4 проценти од вработените во Холандија работат „многу долги“ часови, односно имаат работно време подолго од 50 часа неделно. Колку е тоа малку покажуваат и податовите дека просечниот процент на луѓе кои работат предолго е 11 отсто.

Предлогата работа го загрозува здравјето

„Долгото работно време може да го наруши здравјето. Што повеќе луѓето работат, толку помалку имаат време за други потребни активности, како лична нега или слободно време“, се наведува во истражувањето.

Со истражувањето е мерена и количина на време на дневна база кое вработените со полно работно време го поминуваат за одмор и преку активности за лична нега и потреба. Италија е на врвот на овој показател со 16,5 часа, а следуваат Франција, Шпанија и Данска.

Во индекост на ОЕЦД, сите први десет места ги зазеле европски земји. Соединетите Американски Држави го зазеле 27 место, а 11 проценти од луѓето таму работат предлого.

Истражувањето покажало дека со лошата динамика на приватниот и работниот живот најмногу се погодени семејствата, па ОЕЦД ги соведува владите да помогнат во решавањето на тој проблем преку поттикнување на флекисбилна работна пракса.