- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Овие професии профитираа, бидејќи милиони луѓе беа затворени!

Овие професии профитираа - Работник
136views

Иако пандемијата предизвикала големи економски проблеми, компаниите кои ќе бавеле со куќни поправки и одржаување поминале многу добро. Луѓето беа спречени да патуваат, и поголемиот дел од своето време го поминуваа дома. Освен тоа, милиони ширум светот работеа и сеуште работат од дома, а компаниите чијашто цел е домот да го направат поконфорен или пофункционален имале корист од тоа. 

Еве неколку професии кои поминаа добро:

Advertisement

„Вкуќување“

Иако пандемијата ги сруши сите делови на светската економија, луѓето и понтаму бараат начин да на себе и своите семејства им обезбедат стабилен дом. Во Америка, според наводите на нивните функционери, градежните дозволи во јуни се издавале повеќе отколку обично, а воедно растеле и стамбени објекти. 

Advertisement

Продажбата на домовите во претходна сопственост скокнала за 20,7 отсто од мај од јуни, што е ново рекорд според американското Национално здружение за недвижности. 

Многумина од градовите се преселуваат во предградијата, кои поради короната, кои поради пониските трошоци за живот. Сепак, без оглед на причината, новите домови значат нови проекти, што е добра вест за градежните компании. 

Куќна канцеларија

Со оглед на тоа дека работата од дома во претходниот период доминираше, како тоа дека некои компании продолжуваат со таа пракса, потрагата за создавање на простор за куќна канцеларија се интензивирала. За некои тоа значи правење на канцеларии во дворовите. Изведувачите на работите на малите објекти работат многу добро од почетокот на пандемијата. 

Домот е таму каде што можеш да вежбаш

Со поголемиот дел на затворени теретани, луѓето почнуваат да се бават со физички активности од дома, а тоа за компанијата која произведува стационирани велосипеди Пелетон многу добро. Акциите на оваа компанија пораснале за 130 отсто во 2020 година благодарение на растот на продажбата на велосипеди и ленти за трчање. Дури и Ејпл наводно влегува на пазарот на фитнес. 

Одржување на чистотијата

Компаниите кои произведуваат роботи кои усисиваат доживеале голем раст на акциите на светскиот пазар минатата година. Акциите на компанијата Ромба која произведува И-роботи пораснале за речиси 47 отсто. Во август компанијата објавила дека на своите роботи ќе им даде „генијално“ ново ажурирање на софтверот. 

Фото: Pixbay

Advertisement