ЗанимливостиСветот на работникот

Овие се најчестите грешки при пишување на CV: Еве што никако не смее да стои во него

Овие се најчестите грешки при пишување - Работник
45views
За секоја пријава за работа потребно е CV. Работодавачите го бараат за да одредат кој кандидат е најдобар за нив. Ако сакате да ја добиете работата а која се пријавувате, морате да имате соврешна биографија со која ќе ги истакнете сите барани квалитети, пишува Бизнис Инсајдер

Овие 26 работи никако не треба да бидат во вашето CV.

1. Изоставете го нерелевантното работно искуство

Можеби сте биле совршени во правење на кафе и кокте додека сте работеле во ресторан како тинејџер, но ако се пријавувате за поинаква работа, не е морално тоа да се споменува. Во работната биографија треба да ги истакнете само оние работи кои се во врска со работата за која се пријавувате.

2. Не вметнувајте лични податоци

Не е соодветно во денешно време никој да ве праша за вашите лични податоци.

3. Хобијата не се важни

Доколку не се релевантни за работата за која се пријавувате, набројувањето на хобијата само безпотребно ви одземаат простор, а на оној кој го чита CV-то му одзема скапоцено време.

4. Не лажете

Се случувало да луѓе при пишувањето на CV-то, поради недостаток на вештини кои се бараат за одредена позиција, да излажат дека обавувале некоја функција на минатите работни места. Не смеете да лажете кога се во прашање вакви работи, особено бидејќи во денешно време се може да се провери.

5. Не ги пишувајте своите години

Ако не сакате да бидете дискриминирани поради своите години, избришете го датумот на дипломирање и датумот на раѓање. Уште еден начин на кој можат да се дознаат вашите години е доколку после точките оставате две места празни. Оној којшто го чита CV – то може да заклучи дека сте постари од 40 години.

6. Не претерувајте со опширноста

Не ги намалувајте маргните и фонтот за да напишете се на една страна. Потрудете се во CV- то да го ставите само основното.

7. Референците одвојте ги од CV- то

Ако работодавачот сака да ви побара референци, ќе ви ги побара. Не морате да наведувате во CV – то дека референците ќе ги пратите доколку ги побараат, бидејќи така само одземате простор.

8. Неадекватно форматирање

Форматот на вашето CV е важен речиси колку и содржината. Важно е форматот да биде лесен за читање за да се издвијат кавалификациите кои се потребни за тоа работно место.

9. Не употребувајте го зборот „ја“

Во вашата биографија не би требал да постојат зборовите „ја“, „таа“, „мое“. Не го пишувајте CV – то во прво или трето лице. Јасно е дека тука се работи за вас и вашите искуства.

10. Не користите сегашно време кога ги спомнувате старите работни места

Никогаш не пишувајте во сегашно време за минатите работни места. Само за својата моментална работа можете да пишувате во сегашно време.

11. Не користите непрофесионални е – адреси

Не секоја е – адреса е погодна за пријава за пработа. На пример slatkamala1992@gmail.com не остава впечаток на сериозност кај работодавачот и тој сигурно веднаш ќе ве отпише.

12. Не го пишувајте зборот „мобилен“ пред бројот на мобилниот телефон

Пишувањето на зборот „мобилен“ е непотребно бидејќи кога ќе ги напишете бројките, сите ќе знаат дека се работи за број на мобилен.

13. Не комплицирајте со наслови, поднаслови, таблици, фотографии и графикони

При желба да што повеќе покажете, можете да направите конфузија и да го постигнете спротивното дејство од она коешто го сакате. Избегнувајте да ставате наслови, поднаслови, таблици, фотографии и графикони, бидејќи тие сето тоа го прават непрегледно.

14. Не го пишувајте името на вашиот шеф.

Не го наведувајте името на својот моментален шеф, освен ако не сакате идниот работодавач да го контактира. Дури и тогаш, името наведете го само ако е во прашање некој кој е вреден за спомнување.

15. Не користите жаргон од својата компанија

Компаниите обично имаат посебен жаргон за нарекување на одредени работи, па треба да се избегне користење на интерни називи во CV – то и јасно да се наведе за што се работи. Напишете ги работите со нивните вистниски имиња.

16. Социјалните мрежи кои не се во врска со работата не треба да бидат во CV – то

17. Не ви треба повеќе од 15 години искуство

Кога ќе почнете да ги наведувате работите кои сте ги работеле пред 2000 година, ќе го изгубите интересот на личноста која го прегледува вашето CV. Важни се само вашите работни искуства во последните 15 години.

18. Не наведувајте ја висината на платата

Некои луѓе во CV – то пишуваат колку биле плаќани на минатите работни места. Оваа информација е потполно неважна и праќа погрешна порака. Освен тоа, не требате ни да ја наведувате посакуваната плата во рамките на биографијата.

19. Не користите старомоден фонт

Не користете фонтови како Тајмс Њу Роман или Сериф бидејќи тие се застарени. Освен тоа, внимавајте на големината на фонтотот и на тоа дали се читаат буквите – CV – то треба да биде лесно за читање, па избегнувајте ги украсените букви.

20. Не ги откривајте причините за заминување од старата работа

Кандидатите често мислат дека шансите ќе им се подобрат ако наведат поради што го напуштиле претходното работно место. Тоа е погрешно, а и е непотребно да се пишува за такви работи.

21. Не наведувајте ги вашите просечни оценки

Ako nije iznimno visoka, u CV ne pišite svoju prosječnu ocjenu s fakulteta ili iz srednje škole jer vam ova informacija može samo škoditi ako niste bili među najboljima.

Доколку не е исклучиво висока во CV – то не ги пишувајте вашите просечни оценки од факултет или од средно училиште, бидејќи оваа информација може само да ви наштети ако не сте помеѓу подобрите.

22. Не треба да образложувате зошто ја сакате работата за која се пријавувате.

Тие информации се пишуваат во мотивациското писмо или се кажуват во текот на интервјуто. Во CV – то се наведуваат вештините и квалификациите кои зборуваат за вас, а во пропратното писмо се тоа се образложува, па и прашето зошто ја сакате таа работа.

23. CV – то е за факти, а не мислења

Не користете субјективни зборови за да се опишете себе си. „Јас совршено координирам“ или „Многу добро сум организиран и мотивиран“ се ваши ставови кои можеби не се точни. Работодавачите сакаат факти.

24. Не наведувајте краткорочни работи

25. Избегнувајте бои

Буквите треба да бидат црни, а позадината бела. Ако користите бои, тогаш нема да ве гледаат како сериозен кандидат.

26.  Избегнувајте „фенси“ називи

Бидете прецизни во опишувањето на досегшаните работни места и користете ги описите кои ги користеле вашите работодавачи.