НовостиСветСветот на работникот

Огласите за работа во Србија почнаа да ги закачуваат на дрвја: Работниците не сакаат да работат за 500 евра плата

   Време за читање 2 минути

Недостигот на работници во речиси сите области веќе е „потрошена“ тема, бидејќи работна сила… нема или едноставно не сака да работи за „ситни“ пари. Затоа се‘ почесто можат да се видат плакати со огласи за работа – некои од нив закачени и на помалку вообичени места.

Се‘ повеќе бизниси, особено во Белград, како што пишува BIZlife.rs, на своите излози заедно со рекламните материјали, ставаат натписи на кои пишува: „Потребни се работници/чки“.

Во оваа потрага или подобро кажано потера по работници, работодавачите пронаоѓаат различни начини, па така огласите за работа започнале да ги закачуваат и далеку од своите излози.

Колку за пример, еден помал трговски ланец се сетил со ваков оглас да го „украси“ дрвото до постојка која е на место каде што има густ сообраќај.

„Пост скриптум“ огласот за работа работодавачот, при стандарниот опис на предностите на работното место, додал и стимулативни можности кои во последните неколку години од „кризата“ на пазарот на труд, ги применуваат се‘ поголем број работодавачи на богатиот Запад.

Имено, на ова работно место на потенцијалните кандидати им се нуди награда доколку препорачаат други кандидати, метод кој го „патентирале“ германските здравствени установи, особено кога се однесува на вработување странци.

Меѓутоа, неодминливиот факт останува, а тоа е – платата. Во Србија никој не сака да работи за 50 или 60 илјади динари (400, односно 500 евра).

Не сакаат ни 70,000 динари (речиси 600 евра)

Платата од 60,000 динари или нешто повеќе од 500 евра не е долна граница за одбивање на работа која не бара особена стручност.

Трговецот со мебел, односно кревети и душеци, веќе подолго време не може да најде работник за испорака и монтажа, кој е подготвен да плати 70,000 динари, секако, со платени придонеси.

Додека не најдат работник, сопственикот и неговиот син, шест дена неделно патуваат испорачувајќи и монтирајќи го мебелот…

Извор: BIZlife.rs

Фото:BIZLife, Pixabay