- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Огласи за вработување- Работник
281views

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 2, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7 и 23 став 2 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Северна Македонија,
на определено време

Advertisement

1. Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на 4 извршители на определено време во траење од една (1) година и тоа:

  • два (2) извршители во Дирекцијата за финансиска стабилност, банкарска регулатива и решавање банки, од кои: еден (1) извршител  на работно место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за финансиска стабилност и еден (1) извршител на работно место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за банкарска регулатива и решавање банки;
  • еден (1) извршител на работно место „аналитичар II степен“ во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање и
  • еден (1) извршител на работно место „самостоен советник“ во Дирекцијата за теренска супервизија.

2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Advertisement

3. Покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

– за работното место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за финансиска стабилност: да имаат завршено факултет од областа на економските или природно – математичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат основни познавања од областа банкарскиот и финансискиот систем на Република Северна Македонија, познавања на економетриски алатки и методи/модели, одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер (MS Office) и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на англиски јазик, работа со компјутер (MS Office особено МS Excel) и користење на економетриски алатки и методи/модели.

– за работното место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за банкарска регулатива и решавање банки: да имаат завршено факултет од областа на економските или правни науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат основни познавања од областа на банкарската регулатива и банкарскиот систем, основни познавања на базелските стандарди, европските директиви и останатите меѓународни стандарди од областа на банкарството, банкарската супервизија и решавање банки, одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер (MS Office) и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на англиски јазик (особено за прецизно разбирање на стручен англиски јазик), познавања на банкарската регулатива и банкарскиот систем, познавања на меѓународните стандарди од областа на банкарството и банкарската супервизија.

– за работно место „аналитичар II степен“ во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање да имаат: завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), најмалку 2 години работен стаж стекнат по завршувањето на високото образование, познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на банкарската супервизија и банкарскиот систем на Република Северна Македонија, познавање на законската и подзаконска регулатива од доменот на банкарството и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на банкарската супервизија, банкарскиот систем на Република Северна Македонија и познавања на законската и подзаконска регулатива од доменот на банкарството и познавање на англиски јазик.

– за работното место „самостоен советник“ во Дирекцијата за теренска супервизија да имаат: завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 240 ЕКТС кредити (VIА), најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршувањето на високото образование, познавање на англиски јазик, работа со компјутер, супервизорско искуство, познавање и способност за управување со процесите на банкарската супервизија, познавање на методологиите, принципите и регулативната рамка за вршење на ризично базирана банкарска супервизија во Република Северна Македонија. Познавање на базелските принципи, законската и подзаконска регулатива за работењето и супервизијата на банките, штедилниците, овластените менувачи и даватели на услуги брз трансфер на пари.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручните знаења од областа на работењето, потребни за работното место.

4. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

5. Кандидатите за работните места од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Република Северна Македонија, потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) за не изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование (согласно барањата за секое работно место), доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на работа со компјутери и доказ за работен стаж доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

Сите докази, потврдата, дипломата или уверението за завршено образование, може да бидат доставени во копија.

6. Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 на оваа одлука , започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

7. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 алинеја 1 на оваа одлука, а кои немаат работен стаж, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 на оваа одлука, а кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 2 месеци.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место помлад аналитичар почетен степен изнесува 20.888,00 денари.

За време на приправнички стаж, висината на основната (нето) плата на работникот изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 14.870,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 9.578,00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место аналитичар II степен изнесува 47.526,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 24.184,00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место самостоен советник изнесува 64.512,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 32.683,00 денари.

8. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

9. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

10. Ненавремената и не потполната документација нема да биде разгледувана.

11. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.

Advertisement