ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во Мого Кредити

Оглас за вработување - Работник
30views

Финансиското Друштво МОГО КРЕДИТИ ДООЕЛ Скопје е дел од Mogo Finance Групацијата.
Тимот на МОГО КРЕДИТИ ДООЕЛ се состои од професионалци од областа на финансии, специјалисти за возила и наплата на побарувања.

МОГО КРЕДИТИ ДООЕЛ Скопје има потреба од зголемување на тимот за Наплата на побарувања, и затоа со овој оглас повикуваат амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за теренска наплата на побарувања.

Оддел за Наплата на спорни побарувања.

Работно место:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

1 работно место во Скопје

Краток опис на потребни услови, способности / вештини за работното место:

  • Искуство во областа на наплата на долгови / финансиско друштво се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини, разговори со должниците, со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот, надвор од постапка за присилна наплата, овозможување за продолжување на рокот за враќање и реструктуирање на долгот
  • Вештини за преговарање и убедување за плаќање на заостанати побарувања со должниците на нивна адреса или по телефон, согласно внатрешни политики, процедури и стратегија на Друштвото, со цел да се избегне постапка за присилна наплата на долгот
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати, ажурирање на добиените информации во специјализиран софтвер и нивна анализа
  • Познавање на работа со компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни задачи:

  • Наплата на доспеани побарувања од должници
  • Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување
  • Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата
  • Изготвување писма за опомена во процесот на наплата
  • Посета на клиентите кои се во задоцнување со обврските од Договорот
  • Подготвување извештаи и евиденција за преземените активности во врска со наплата на долгови

Услови од компанијата:

  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Можност за заработка преку бонуси во однос на процентот на наплатени долгови.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо да го испратат преку емаил на: info@mogo.mk, со назнака “Оглас за Специјалист за теренска наплата на побарувања”.