ЕкономијаМакедонија

Оглас за вработување во Силк Рoуд Банка АД Скопје

Оглас за вработување - Работник
277views

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката објавува оглас за вработување на:

РЕФЕРЕНТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ

во Служба за правни работи,
усогласување со прописи и информативна сигурност

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве квалификации:

  • Универзитетска диплома, по можност во областа на правото, економија или друга меродавна област
  • Минимум 3 години работно искуство од областа на усогласување со прописи во банкарска институција или друга финансиска институција со соодветни активности во областа на усогласеност со прописите
  • Познавање на законска банкарска регулатива
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Опис на работно место:

  • Учествува во извршувањето на активностите за идентификација, проценка, следење и контрола на ризиците од усогласување во работењето на Банката и тесно соработува со соодветните директори.
  • Ја чува и редовно ажурира документацијата и материјалите, како и доказите за извршените активности на соодветен начин.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Соодветни стручни и лични особини
  • Организациски вештини
  • Аналитички вештини
  • Добри комуникациски способноси
  • Подготвен да ги почитува и активно да ги поддржува вредностите на Банката

Банката нуди плата во месечен нето износ од 42.000,00 денари.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо може да ги достават на hr@silkroadbank.com.mk.