
ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин.
Дали и вас ви е важно постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со ТИГО Фајнанс, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.
Тимот на ТИГО Фајнанс се најголемата вредност на компанијата и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на иднината.
Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:
Асистент на менаџер за безбедност и оператор за мониторинг
Позицијата вклучува:
- Асистирање на Менаџерот за безбедност при креирање на безбедносни процедури и предлагање нови процедури и протоколи;
- Заедно со Менаџерот за безбедност креирање месечен план за безбедносна проверка, контрола и спроведување на истиот на терен;
- Следење на видео надзор, адекватно постапување согласно претходно утврдени протоколи и процедури и навремена дојава за евидентирани настани од безбедносен карактер до непосредно претпоставениот;
- Следење и известување за техничката исправност на доверените технички средства;
- Подготвување предлози за унапредување на надворешна и внатрешна безбедност на филијалите;
- Изработка на извештаи на дневна, неделна и месечна основа;
- Вработениот на оваа позиција одговара на Менаџерот за безбедност.
Профил на кандидат:
- Завршено најмалку средно образование
- Искуство во користење релевантна технологија и опрема
- Претходно работно искуство во релевантната област ќе се смета за предност
- Одлични комуникациски и оранизациски вештини
- Познавање на MS Office
- Способност за тимска работа
- Преземање одговорност
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач најмалку 2 години
Услови од компанијата:
- Технолошки напредно работно опкружување
- Кариерен развој и постојано надградување преку можности за разни обуки
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци
- Велнес програми и придобивки од попусти
- Можноста да се работи со исклучителен тим на професионалци
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.
Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од базата на потенцијални кандидати на компанијата.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.