ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во Халкбанка

Оглас за вработување - Работник
305views

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени лица на следната работна позиција:

Референт – Валидатор на моделите за мерење на ризици

во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје 

(Референца Бр. 004/2020)

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на економетрија, статистика, математика или друга квантитативна област;
  • Со или без претходно искуство во развој или валидација на статистички / математички модели;
  • Релевантни вештини во користењето на статистичките програми, вклучително и програмирање, на пример R, SAS и слично;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните вештини и квалификации:

  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Напредно познавање и работа со Microsoft Office апликациите;
  • Подготвен да учи и да се развива во професионална и компетитивна работна средина;
  • Способност за тимска работа;
  • Аналитичност;
  • Професионален изглед и однесување.

Краток опис на работните активности за овие работни позиции:

Банката, како дел од своите редовни активности, користи модели кои се во насока на поддршка на бизнис одлуките и стратегијата на Банката. Моделите за кредитниот ризик се најдобра алатка за да се разбере кредитниот ризик на кредитокорисникот, а ова е особено важно бидејки профилот на кредитниот ризик на кредитокорисниците, со текот на времето и околностите, се менува. Потенцијалните кандидати, ќе ги извршуваат активностите согласно интерно предвидената рамка (политики и процедури) за развој и валидација на моделите. Генерално, тоа ќе подразбира работа со бази на податоци кои ќе се користат за развој и/или ажурирање на моделите и за валидација на моделите, документирање на спроведените активности и подготовка на извештаи за органите на банката.

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 22.03.2020 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референт – Валидатор на моделите за мерење на ризици (Референца Бр. 004/2020).

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.