ЕкономијаМакедонија

Оглас за платена практична работа во Шпаркасе Банка Македонија

Оглас за платена практична - Работник
220views

Ако сте амбициозни, желни за знаење, ако сте упорни и истрајни, пријавете се за реализирање на платена практична
работа во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, проект кој се реализира преку Агенцијата за вработување на РСМ:

ПЛАТЕНА ПРАKТИЧНА РАБОТА
ВО ТРАЕЊЕ ОД 3 МЕСЕЦИ

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

• да имаат завршено средно училиште, економски или правен факултет;
• да се на возраст до 34 години;
• да се активни баратели на работа пријавени во Агенцијата за вработување;
• да немаат претходно работно искуство во финансискиот сектор;
• да имаат организациски способности, комуникациски вештини, да се одговорни, иницијативни и креативни;
• потребно е познавање на работа со компјутер (Microsoft Office).

Праксата се реализира од понеделник до петок со 8 часа дневно работно време.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо на: hr@sparkasse.mk