ЗанимливостиМагазинНовости

Огромен радиотелескоп во Порторико пропадна по децении астрономски откритија.

Огромен радиотелескоп - Работник
102views

Националната научна фондација на САД (НСФ) соопшти дека платформата за инструменти на телескопот со тежина од 900 тони паднала врз антената оддалечена 137 метри подоле.

Тоа се случи само неколку недели откако официјалните лица објавија дека телескопот ќе биде демонтиран поради стравувањата во безбедноста, по оштетувањето на неговиот систем за поддршка.

Опсерваторскиот телескоп Аресибо беше еден од најголемите во светот. Аресибо беше клучен научен ресурс за радио астрономите цели 57 години, а исто така беше познат како позадина за сцената во филмот на Џејмс Бонд – Златни Очи, како и други Холивудски филмови.

Националната научна фондација на САД соопшти дека нема извештаи за повредени лица по уривањето.

Што се случи со телескопот?

Националната научна фондација на САД соошти дека телескопот се срушил во вторникот околу 7 часот и 55 минути по локално време, што резултираше со оштетување на садот и околните објекти, и дека истрагата за падот на платформата е во тек.

„Првичните откритија укажуваат на тоа дека горниот дел од трите кули за поддршка на телескопот се расипал. Како што паднала платформата со инструменти од 900 тони, паднале и каблите за поддршка на телескопот“, се вели во соопштението.

Додадоа дека „Прелиминарните проценки покажуваат дека центарот за учење на опсерваторијата претрпе значителна штета од паѓање на каблите“.

Два кабли се скршиле од август, оштетувајќи ја структурата и принудувајќи ги официјалните лица да ја затворат опсерваторијата.

Прегледот минатиот месец откри дека телескопот е изложен на ризик од катастрофален колапс и дека огромната конструкција не може да се санира без да претставува потенцијален смртоносен ризик за градежните работници.

Официјални лица изјавија дека структурата ќе биде демонтирана.

Џонатан Фридман, кој работел 26 години како виш научен соработник во опсерваторијата и се уште живее во нејзина близина, за новинарската агенција Асошиејтед прес изјави за моментот кога  во вторникот се срушил телескопот:

“Звучеше како татнеж. Точно знаев што е тоа. Врескав. Бев надвор од контрола… Немам зборови кои можам да ги искажам. Беше многу длабоко, страшно чуство.

Од Националната научна фондација на САД сооштија дека се тажни од падот и дека бараат начини како да и помогнат на научната заедница и да ги одржат цврстите односи со луѓето од ПортоРико.

Главните приоритети се одржување на безбедноста на локацијата, спроведување на комплетна проценка на штетите што е можно побрзо и преземање активности за ограничување и ублажување на каква било штета на животната средина предизвикана од конструкцијата или нејзините материјали.

Каква е историјата на телескопот

  • Од Пол Ринкон, уредник на науката, веб-страница на BBC News

Телескопот е изграден во раните 60-ти години на минатиот век, со намера да се проучи јонизираниот горен дел од атмосферата на Земјата, јоносферата. Но, наскоро се користеше и како радио опсерваторија за сите намени.

Радио-астрономијата е поле во рамките на поголемата дисциплина што ги набудува предметите во Универзумот проучувајќи ги на радиофреквенции. Голем број на космички феномени, како што се пулсарите – магнетизирани, ротирачки ѕвезди – покажуваат емисија на радио бранови должини.

Опсерваторијата ги обезбеди првите цврсти докази за еден вид на објект познат како неутронска везда. Исто така се користеше за идентификување на првиот пример на бинарен пулсар (две магнетизирани неутронски ѕвезди кои кружат околу заеднички центар на маса), што им ја донесе Нобеловата награда за физика на своите откривачи.

Телескопот помогна да се направи првото дефинитивно откривање на егзопланети, планетарни тела што кружат околу другите ѕвезди, во 1992 година.

Исто така се користеше за слушање сигнали од интелигентниот живот на друго место во космосот и за следење на астероидите близу Земјата.

Advertisement